Чешката уметница Вероника Рихтерова на старите пластични шишиња им дава нова намена и нов живот. Последната деценија, употребувајќи најразлични техники на сечење, загревање и составување, таа создава разнобојни провидни фигури со најразличен облик, од крокодили преку улични светилки до растенија. Нејзината опсесија со пластичните шишиња не запира тука. Таа собрала над 3000 пластични предмети од 76 земји и надолго и нашироко пишува за историјата и употребата на пластиката во статии посветени на таа тема.

plant-1 plant-2 plant-3 plant-4 plant-5 plant-6 plant-7 plant-8 plant-9 plant-10

Сподели на Facebook
пати видено