Сите сме слушнале за „Дневникот на Ана Франк“, историско дело за девојчето кое со целото нејзино семејство било однесено во концентрационен логор и убиено само поради нивното еврејско потекло.

Но постои и уште еден, помалку познат дневник кој сведочи за германската окупација за време на Втората светска војна, кој не е ништо помалку моќен. Дневникот на Тања Савичева служи како потсетник на безнадежноста на цивилите во областите окупирани од нацистите за време на Втората светска војна.

На 8. септември 1941г. германската војска окупирала мал советски град како претходница на големата опсада на Ленинград. Нацистите таму останале до 1944 г., присилувајќи ги луѓето на суров робовски труд.

tm01

Кога дошле нацистите, Тања Савичева имала само 11 години, а сепак тие ја присилиле да копа ровови за војниците и да носи бомби.

tm02

Сестрата на Тања, Жења, била првата жртва од нејзиното семејство. Работела две смени изработувајќи сандаци за мини за Германците, по што била присилена да донира крв. Нејзиното тело не можело да го издржи тоа и набргу починала.

tm03

Тања го изгорела нејзиниот вистински дневник за да се стопли во студената зима. Но не сакала да го изгори дневникот на нејзината сестра Жења, во кој го запишала умирањето на сите членови на нејзиното семејство во текот на само три години.

tm04

Остатокот од дневникот сведочи за смрзнувачки суровото искуство кое го доживеала Тања за време на војната. Тешко е да се замисли низ што сѐ поминала. Еве еден краток извадок.

Волково кладбище

Жења умре на 28. декември во 12ч. 1942
Лека умре на 17. март во 5 наутро, 1942
Вујко Васја умре на 13. април во 2 по полноќ, 1942
Вујко Леша умре на 10. мај во 4 наутро, 1942
Мама умре на 13. мај во 7:30 наутро, 1942
Савичеви умреа.
Сите умреа.
Само Тања остана.

Целото семејство на Тања умрело за време на ужасните состојби со кои се соочиле Русите за време на опсадата врз Ленинград. Во текот на тие три години животот го изгубиле околу 1.042 000 луѓе од градот.

Во 1942, Тања била спасена од Ленинград и однесена во Красни Бор заедно со 140 деца. Сите деца преживеале, освен Тања која починала од цревна туберкулоза пет месеци по опсадата. Во Шатки е подигнат меморијален центар кадешто е прикажана содржината на нејзиниот дневник. Локалитетот станал толку популарен што се претворил во комплексна меморијална структура, која ја опишува опсадата во текот на која било уништеното целото семејство на ова девојче.

Сподели на Facebook
пати видено