Секој мора од нешто да почне. Понекогаш од портир може да се стигне до директор, иако тоа кај нас многу ретко се случува. Но во секој случај, не сите милијардери се родени со сребрено лажиче во устата. Еве една таква листа.

Марк Кјубан

b01

Богатство: 3 милијарди долари
Прва работа: продавач на вреќи за отпад

Пред да го стекне своето богатство, Марк Кјубан продавал вреќи за отпад од врата на врата. Кога имал дванаесет години посакал да си најде работа, и татко му му дал едно купче вреќи и му рекол да ги продаде. Кога бил на колеџ бил инструктор по диско играње, што е веројатно и помалку исплатливо од продавањето на вреќи за отпад.

Мајкл Џордан

b02

Богатство: 1 милијарда долари
Прва работа: чистач во хотел

Пред да стане светски славен, Мајкл Џордан работел како хотелски чистач во хотел во Северна Каролина.

Мајкл С. Дел

b03

Богатство: 18.2 милијарди долари
Прва работа: мијач на садови во кинески ресторан

Дел е основач на компјутерската компанија за која сигурно сте слушнале. Тој е основач на еден од најголемите технолошки конгломерати во светот, но својата кариера ја започнал како мијач на садови во кинески ресторант, кога имал дванаесет години.

Ричард Бренсон

b04

Богатство: 4.8 милиарди долари
Прва работа: продавач на новогодишни елки и птици

Овој милијардер својата кариера во трговијата ја започнал продавајќи им новогодишни елки и птици кои тој самиот ги одгледувал на своите соученици, и сето тоа на единаесетгодишна возраст.

Илон Маск

b05

Богатство: 11.9 милијарди долари
Прва работа: дизајнирање видео игри

Овој мегамогул кој е главен извршен директор на Тесла, Пејпал, Спејс Икс своите први почетоци во бизнисот ги направил во адолесцентските години како дизајнер на сопствени видео игри.

Џеф Безос

b06

Богатство; 34.7 милијарди долари
Прва работа: Мекдоналдс

Основачот на Амазон своите почетоци на пазарот на трудот ги направил полнејќи кечап и печејќи плескавици во сендвичарница на Мекдоналдс. Тој радо се сеќава на неговите први почетоци и смета дека работата во Мекдоналдс му помогнала во неговиот понатамошен развој.

Стив Балмер

b07

Богатство: 21.5 милијарди долари
Прва работа: продавач на торти

Главниот извршен директор на Мајкрософт и спасител на LA Clippers своите почетоци ги имал во индустријата за слатки.

Дејвид Х. Мурдок

b08

Богатство: 3.1 милијарди долари
Прва работа: бензинска станица

Сопственикот на Дол го напуштил средното училиште и нашол работа на локалната бензинска станица.

Кевин Планк

b09

Богатство: 3.2 милијарди долари
Прва работа: косач на тревници

Кевин Планк, основач на компанијата за спортска облека Under Armor, својот прв долар го заработил на десетгодишна возраст кога го искосил тревникот на соседите. На 14-годишна возраст продавал бразлетни на концертите на Грејтфул Дед.

Стив Џобс

b10

Богатство: 8.3 милиони долари
Прва работа: летна работа кај Hewlett-Packgard

Човекот кој го дизајнирал секој производ кој го користиме во своите рани тинејџерски години работел за Hewlett-Packgard, кадешто се запознал со својот партнер Стив Вознијак.

Џон Андерсон

b11

Богатство: 2.4 милијарди
Прва работа: продавач на пуканки

Покојниот могул на недвижнини кој своето богатство го стекнал продавајќи недвижнини на Велигденските острови своите први пари ги заработувал продавајќи пуканки во близина на кино, продавајќи ги за малку пониска цена.

Сподели на Facebook
пати видено