Ужасниот миг кога триметарскиот питон голтнува жив јарец во природен резерват во Индија

Овие неверојатни снимки го прикажуваат ужасниот момент кога жив јарец е голтнат од питон долг три метри додека луѓето го гледаат и го снимаат овој чин. Ова ги исплашило жителите на Гаркута во Западен Бенгал, дека ако питон може да улови јарец, сосема лесно би можел да убие и човек. Змијата го голтнала јарецот во […]

Тест за татковство покажа дека близнаци имаат двајца различни татковци?!

Сѐ што сакала е помош од државата, а тоа што го добила е најоткачената коктел приказна на сите времиња. Една жена од државата Њу Џерси, САД, идентификувана со иницијалите Т.М. во ноември минатата година поднела барање за издршка и како татко го навела својот „романтичен партнер“ со иницијали А.С…

Илјадници необјавени дела на Ајнштајн од неодамна се достапни бесплатно на интернет

Почнувајќи од неделава, огромен број на необјавени дела на Алберт Ајнштајн за првпат станаа достапни на јавноста, бесплатно. Новообјавените датотеки содржат преку 5.000 документи, вклучувајќи писма, статии, разгледници, бележници и дневници кои останале зад Ајнштајн по неговата смрт во 1955 година.

Алкохолот не е само за пиење. Еве за што сѐ би можеле да ја искористите струмичката мастика, на пример

Алкохолот може да употреби за многу практични работи, а не само да се натрескате толку што да не знаете кај сте. Прочитајте ги овие неколку практични совети.

Како ова борбено семејство го преброди трагичното губење на нивниот дом и си изгради нов дом од соништата

Човечкиот дух е нешто неверојатно. Дури и по најголемите трагедии наоѓаме начин како да продолжиме. Таков е примерот и со ова семејство кое го изгубило својот дом во 2012 година, но наместо да очајуваат, решиле повторно да го изградат.

На Ким „Види ми го големиот задник“ Кардашијан, Џеј Ло и компанија не им е гајле за најголемата суша во историјата на Калифорнија

Калифорнија се наоѓа во четвртата година на најлошата суша во нејзината историја, но богатите и славни жители на Лос Анџелес држат чекор со Кардашијанови кога станува збор за нивното непотребно луксузирање. Обичните жители на Калифорнија ги празнат своите базени, се тушираат поретко и допуштаат нивните тревници да станат кафеави откако експертите проценија дека во државните извори за вода кон крајот на 2015 ќе остане вода за пиење само колку за една година.

39 мисли на големиот писател Албер Ками кои ќе ве испровоцираат да размислите малку

„Должност на луѓето кои мислат е да не бидат на страната на погубувачите.“
„Единствениот начин да се справуваш со неслободен свет е да станеш апсолутно слободен, така што самото твое постоење да се восприема како чин на бунт.“

Кој е вашиот омилен начин на спиење? Изберете една од положбите на спиење за да видите што вели таа за вашата личност.

Некој спие на страна, друг на стомак, трет на грб – секој си има своја омилена положба и некој свој ритуал во спиењето. На пример, Леонардо да Винчи на секои четири часа дремнувал по дваесет минути за да ги наполни своите интелектуални батерии, а Чарлс Дикенс спиел свртен кон север бидејќи верувал дека тоа ја […]

Човекот кој беше тажен на наградно патување освои второ наградно патување, си ги поведе жената и детето, и сега многу подобро си поминува

Се сеќавате ли на човекот кој не се забавувал ни секунда на неговиот награден одмор во Порторико бидејќи не можел да си ја поведе жената со него? Епа тој истиот човек добил второ наградно патување на истото крстарење – и овој пат си ги повел жената и детето со него! Сега заедно со жената и детето се сликал на истите места кадешто се сликаше тажен и осамен во првата серија фотографии.

Велосипедски полнач за телефон кој чини 5 долари, дело на 16-годишен пронаоѓач од Романија

Томас, брилијантен 16-годишен пронаоѓач кој живее во Романија создаде „направи сам“ полнач за телефон на принцип на ветерна турбина за неговиот велосипед, со помош на кој може да го полни својот телефон додека вози – тоа го чини само пет долари!

Ова е вистинска приказна за еден луд човек кој си основал своја сопствена држава на една напуштена платформа

Војводството Силенд (Моркса Земја) е најмалата самопрогласена држава на светот која се наоѓа на една напуштена платформа на воената морнарица на Велика Британија, на единаесет километри оддалеченост од британскиот брег. „Државата“ е основана во шеесеттите години на минатиот век.

Уметник од стари клучови и монети прави рециклирана уметност

Дури и старите клучови и монети можат да се претворат во прекрасна уметност ако се вложи малку креативност и малку повеќе вештина. Уметникот од Австралија под псевдоним Моерки го прави токму тоаа, старите непотребни клучови и монети ги претвора во шишиња, лампи и други видови на прекрасни рециклирани скулптури.

Сите овие живописни слики се дело на слеп човек

На 11-годишна возраст, Џон Брамбит станал епилептичен. На триесет години ослепел. Денес, на 42-годишна возраст, Џон Брамбит е познат светски уметник. Со сликањето како хоби почнал да се занимава откако го изгубил видот. Сите овие прекрасни слики се дело на слеп човек, кој никогаш не видел ниту едно од своите платна.

Мача: јапонска напивка која ги согорува мастите, се бори со ракот, детоксифицира и многу повеќе!

Не е тајна дека зелениот чај е чудесен за вашето здравје, но овој особен вид на истиот со потекло од Јапонија за вашето здравје може да биде чудотворен! Се верува дека чајот мача е зелен чај со најдобар квалитет во целиот свет.

Запознајте се со Запа, куче со виснат јазик кое наликува на Сид

Запа, беззабиот 15-годишен италијански `рт кој изненадувачки личи на мрзливецот Сид од анимираниот филм „Ледено доба“, ја редефинира кучешката убавина. Сопствениците Седи и Розали Милен од Висконсин, САД, велат дека Запа почнала да го вади својот јазик надвор пред неколку години, кога ги изгубила сите нејзини заби.

Научниците го открија клучниот чинител за старењето! Дали ќе се забави или спречи стареењето?

Студијата која процесот на стареење го врзува со нарушувањето на клеточната ДНК може да доведе до развој на нови методи за спречување и лекување на болести кои се поврзани со стареењето како што се канцерогените заболувања, дијабетес и Алцхајмеровата болест, како што подробно се опишува во списанието Science (Наука) од 30.04.2015. Во студијата научници од […]

Слепа бремена жена за првпат го „гледа“ своето неродено дете со помош на 3D отпечаток

Технологијата за 3D печатење отвори илјадници нови можности за слепите за да го доживеат светот кој ги опкружува, но не сме виделе помоќен пример за ова од случајот со младата мајка Татјана Гуера, која со помош на 3D отпечаток со помош на допир виде како изгледа нејзиното неродено бебе.

По трагите на виното сѐ до неговите почетоци

Зборот вино, со некои мали гласовни разлики, се наоѓа во сите индоевропски јазици, што посочува кон тоа дека нашите дамнешни предци уште многу одамна знаеле за овој прекрасен гроздов пијалок, најмалку уште пред 8000 години.

Оваа моќна империја за којашто никогаш не сте слушнале оставила прекрасни рушевини низ Индија

Овој некогашен голем град на бреговите на реката Тунгабхадра во Хампи, Индија некогаш имал сѐ; религиски центар, кралски центар, урбано јадро и предградија. Тоа бил центарот на голема и моќна империја со векови, а сега едвај некој и да се сеќава на неа. Царството Големата империја Виџајанагара ја основале двајца браќа во 1336 година. Виџајанагара […]

30 мудрости од големиот научник Никола Тесла

„Парите ја немаат таа вредност која човекот им ја припишува. Сите мои пари беа вложени во експерименти со кои направив нови откритија со кои успеав малку да му го олеснам животот на човештвото.“
„Борбите помеѓу поединците, како и помеѓу владите и нациите, секогаш произлегуваат од недоразбирањата во најшироката смисла на овој израз. Недоразбирањата секогаш се предизвикуваат од неспособноста да се почитува гледната точка на другиот.“

Малото дете виснато на оградата за малку ќе се струполеше долу… но тогаш се случи ова

Малото дете виснато на оградата за малку ќе се струполеше долу… но тогаш се случи ова

Опасно блиску до тоа да падне на улицата под балконот, тригодишното девојче некако успеало да се заглави помеѓу шипките на железната ограда на вториот кат од станбената зграда. Тогаш овој градежен работник од Бангладеш го слушнал плачот додека работел на поправка на улицата во близина.

101-годишен човек бил извлечен од рушевините во Непал откако успеал да преживее 7 дена

Трагичниот земјотрес во Непал донесе повеќе уништување отколку што се мислеше дека е можно. Откако првиот удар на големиот земјотрес ја погоди областа околу Катманду на 25. април, малата земја се соочи со несогледлива трагедија. Сепак, и покрај ужасните вести, неколку случаи на преживување и спасување на луѓе донесоа некаква надеж и утеха. Минатиот викенд […]

Мотоциклист го запре сообраќајот на пат за да направи нешто навистина чудесно

Повеќето луѓе се трудат дневно да направат барем едно добро дело. Правејќи така, љубезноста и добродетелството подобро се шират. Едем мал гест може да започне верижна реакција на пријателско однесување, а тоа е добар начин светот да се направи подобро место за живеење.

Сопрузите на овие 7 жени криеле темна тајна од нив… за неа дознале дури кога дошла полицијата

За серискиот убиец способноста да се измеша со обичните луѓе е најважна од сѐ. На крајот на краиштата, кој би се посомневал во пријателски расположениот сосед дека е убиец. Како што можете да си замислите, едно од најдобрите покритија за серискиот убиец е да има успешно семејство.

Тест: Дали гледате патка или зајак?

Што гледате овде, патка или зајак? Ова е добро позната оптичка илузија која може да се гледа на два начина, како патка и како зајак. Вие што гледате? И дали можеге да ја гледате едната слика, а потоа да се префрлите на другата? И сега најважното прашање – колку брзо можете да го сторите тоа?

Спектакуларно изгрејсонце кај Бледското езеро во Словенија

Го снимив ова прекрасно изгрејсонце кај Бледското езеро во Словенија. Ојстрица е една од најпопуларните локации за сликање на Бледското езеро и многу разгледници и постери се снимени токму од ова место. Еден драг пријател ми го покажа ова место и така решив на лице место дека од тука сакам да го сликам изгрејсонцето. Си ја претставив светлината како прво ќе го допре планинскиот врв и потоа полека ќе се придвижи кон замокот и црквата.

Познатиот „социјален експеримент“: 5 мајмуни и скала

Група научници сместиле пет мајмуни во кафез и во средината на кафезот поставиле скала и на врвото на скалата ставиле банани. Секогаш кога еден од мајмуните ќе се обидел да се искачи по скалата, научниците ги посипувале останатите мајмуни со студена вода. После неко време, секогаш кога некој мајмун ќе почнел да се качува по скалата, другите ќе го повлекле и ќе го натепале. И така…

Еве како изгледа да застанеѕе на врв на облакодер во Њујорк и да погледнете право надолу

Ако некогаш сте биле во Њујорк, веројатно со восхит сте погледнале кон високите њујоршки облакодери, но дали некогаш сте се запрашале како изгледа се погледне одозгора надолу?

Оваа проѕирна соларна ќелија може секој прозорец да го претвори во извор на енергија

Истражувачи од Државниот универзитет на Мичиген развиле проѕирна соларна ќелија која може да се употреби како замена за обичните прозорци. Овој концепт порано се чинеше како невозможен, поради фактот што традиционалните соларни панели функционираат така што ја впиваат сончевата светлина и ја претвораат во енергија. Проѕирните површини не можат да апсорбираат светлина. Истражувачите го оствариле […]

До каде стигна светов… Сега веќе почнаа да се продаваат и градници и гаќички со тантела за мажи

Едно време се чудев како тоа стана модерно мажите да носат тесни розови кошули и џемпери, кога до пред само две три години секој кој би влегол така облечен во некоја пристојна селска друмска кафана која држи до својата репутација,  би бил културно известен дека сепак постои извесен дрес код кој треба да се почитува. […]

+