Студијата која процесот на стареење го врзува со нарушувањето на клеточната ДНК може да доведе до развој на нови методи за спречување и лекување на болести кои се поврзани со стареењето како што се канцерогените заболувања, дијабетес и Алцхајмеровата болест, како што подробно се опишува во списанието Science (Наука) од 30.04.2015.

Во студијата научници од институтот Салк и од Кинеската академија на науките откриваат дека генетските мутации кои се во основата на Вернеровиот синдром, нарушување кое води до предвремено стареење и смрт, резултира со нарушување на хетерохроматинот, спирализирана форма на хроматинот во чиј состав влегуваат молекули на ДНК.

human_aging

Ова откритие, овозможено преку комбинација на најнови технологии за модивикаџија на матичните клетки и гени, може да доведе до изнаоѓање на нови начини за справување со физиолошкото опаѓање поврзано со возраста со тоа што ќе поправи штетата врз хетерохроматинот.

„Нашите наоди покажуваат дека генетската мутација која го предизвикува Вернеровиот синдром резултира со дезорганизација на хетерохроматинот, и дека ова нарушување на нормалните снопови на ДНК е клучниот чинител на стареењето.“- вели Хуан Карлос Изписуа Белмонте, еден од авторите на научната статија. „Ова оди подалеку од Вернеровиот синдром, бидејќи го идентификува централниот механизам на стареењето – дезорганизацијата хетерохроматинот – процес за кој се покажа дека може да се сврти во обратна насока.“

Вернеровиот синдром е генетско нарушување кое предизвикува луѓето да стареат побрзо од нормално. Луѓето со ова нарушување страдаат од болести поврзани со возраста, вклучувајќи катаракта, дијабетес тип 2, стврднување на артериите, остеопороза и рак, и повеќето умираат во нивните четириесетти или педесетти.

Хетерохроматинот делува како контролна табла со која се контролира активноста на гените и управува со сложениот механизам на молекулите во клетките. На надворешната страна на хроматинот има хемиски маркери, познати како епигенетски ознаки, кои ја контролираат структурата на хетерохроматинот. На пример, промената во овие хемиски прекинувачи може да ја промени градбата на хетерохроматинот, предизвикувајќи некои гени да бидат изразени или да бидат потиснати.

 

Сподели на Facebook
пати видено