Истражувачи од Државниот универзитет на Мичиген развиле проѕирна соларна ќелија која може да се употреби како замена за обичните прозорци. Овој концепт порано се чинеше како невозможен, поради фактот што традиционалните соларни панели функционираат така што ја впиваат сончевата светлина и ја претвораат во енергија. Проѕирните површини не можат да апсорбираат светлина.

Истражувачите го оствариле ова достигнување развивајќи систем наречен „проѕирен луминисцентен соларен концентратор.“, кој се состои од органски соли кои впиваат невидливите бранови должини на инфрацрвената и ултравиолетовата светлина. Оваа светлина потоа се фокусира кон традиционална соларна ќелија која енергијата ја претвора во електрицитет. Овој материјал има неверојатен потенцијал. Не само што може да се употреби како материјал за прозорци, туку може да направи револуција во дизајнот на екрани на електронските уреди, овозможувајќи им значително подолг век на батериите.

This Clear Solar Cell Could Turn Every Window Into A Power Source

Сподели на Facebook
пати видено