Најштетната фраза во јазикот гласи: „Секогаш се правело така.“ – Грејс Хопер

Група научници сместиле пет мајмуни во кафез и во средината на кафезот поставиле скала и на врвото на скалата ставиле банани. Секогаш кога еден од мајмуните ќе се обидел да се искачи по скалата, научниците ги посипувале останатите мајмуни со студена вода. После неко време, секогаш кога некој мајмун ќе почнел да се качува по скалата, другите ќе го повлекле и ќе го натепале. И така, по некое време никој од мајмуните повеќе не се осмелувал да се искачи по скалата, без разлика на тоа колку силно било искушението.

Social-Experiment-5-Monkeys-and-a-Ladder

Научниците решиле да заменат еден од мајмуните со нов мајмун. Првото нешто што го сторил новодојдениот мајмун е да се обиде да се искачи на скалата и да ги зграби бананите. Веднаш штом стапнал на неа, останатите мајмуни го повлекле и го натепале. По неколку тепања, новиот мајмун научил дека не треба да се качува по скалата, без разлика што немало некаква очигледна причина за такво нешто, освен тепањето.

Бил заменет и втор мајмун и се случило истото, при што во тепањето учествувал и првиот мајмун-замена. Бил сменет и трет мајмун, и четврт и пак истото, за на крај со замената на петтиот мајмун да се смени целата првична постава.

Така била формирана нова група на мајмуни од кои ниеден никогаш не добил ладен туш, а сепак продолжиле да го тепаат мајмунот кој ќе се обидел да се искачи по скалата.

Кога би можело да ги запрашаат мајмуните зошто прават така, најверојатно би одговориле нешто во стилот: „Не знам. Едноставно тука од секогаш се правело така.“

Ви звучи ли ова познато?

Ова сепак не е вистински социјален експеримент, туку е урбан мит, делумно инспириран од вистински експерименти спроведени од Џ.Р. Стивенсон за специфичните научени реакции на мајмуните макаци од нивната околина, како и извесни експерименти врз шимпанза спроведени од Волфганг Келер во дваесеттите години на минатиот век. Со текот на годините, делови од овие експерименти биле споени во оваа позната урбана легенда.

Сподели на Facebook
пати видено