Војводството Силенд (Моркса Земја) е најмалата самопрогласена држава на светот која се наоѓа на една напуштена платформа на воената морнарица на Велика Британија, на единаесет километри оддалеченост од британскиот брег. „Државата“ е основана во шеесеттите години на минатиот век.

sl01

Силенд првин бил Форт Рафс, база на британската воена морнарица изградена за време на Втората светска војна. Тоа е вештачка платформа слична на нафтените платформи. Тежи 4500 тони и е прицврстена за морското дно.

sl02

Во 1967 година, Педи Рој Бејтс, бивш мајор, ја превземал напуштената платформа за од неа да води пиратска радио станица. Во август истата година бил донесен закон со кој се забранувало радиоемитување од извесни морски структури. Поради ова, Бејст го прогласил формирањето на државата Силенд, 17 дена откако бил донесен законот.

sl03

Во 1987, Велика Британија ги прошири своите територијални води од три до 12 морски милји, со тоа ставајќи го Силенд во рамките на британската територија. Но Педи Рој Бејтс не ја предавал својата татковина толку лесно.

sl04

Во 1978 Силенд бил нападнат и синот на Бејтс бил земан како заложник во обид за државен удар од страна на германскиот адвокат и сопственик на пасош на Силенд, Александар Ахенбах. Но синот на Бејтс успеал да ја поврати власта врз Силенд и го заробил Ахенбах под обвинение за велепредавство. Германија пратила дипломат во Силенд за да преговара за ослободување на Ахенбах. Овој настан од страна на Бејтсови се толкува како чин на признавање на државата Силенд од страна на Германија.

Без разлика на тоа дали Силенд е признаена земја или не, таа постои уште од 1967 година. Си има своја валута, кралско семејство, пасош, поштенски марки и устав.

sl05

sl06

Економијата на Силенд е мистериозна. Можете да платите и да добиете благодороднична титула барон на Силенд. Силенд има издадено вкупно 150.000 пасоши, но сите биле поништени во 1997 бидејќи се покажало дека нивните нови сопственици ги користеле за криминални дејствија низ целиот свет.

Силенд главно се финансира од спој на туризам, продавање на банкноти и поштенски марки, веб хостирање, па дури и организирање на онлајн казино. Во 2007, шведскиот торент тракер The Pirate Bay сакал да го купи Силенд откако со законите за авторски права на Шведска бил затворен.

sl07 sl08

Во периодот 2007-2010 Силенд е на продажба по цена од 906 милиони долари.

Знзмето на Силенд

sl09 sl10

Во 2006 година Силенд бил заштитен од пожар и хеликоптер на Француската авијација пренел едно повредено лице до болница. Истата година штетата била поправена.

sl11

Ова е кралското семејство на Силенд. Педи Рој Бејтс починал во 2012 година. Во едно интервју во 1980 тој го изјавил следното: „Можеби ќе умрам млад, можеби ќе умрам стар, но едно е сигурно, никогаш нема да умрам од досада.“

sl12

Сподели на Facebook
пати видено