Практикувјте ги овие екстремни спортови на најневеројатните места во светот.

Најдобрите места во светот да скокате од планина, да сурфате на вулкан, или да трчате со бикови. Овде екстремните спортови стануваат најневеројатни авантури.

Мувите се многу поодвратни и поопасни отколку што воопшто сте си замислувале

Застанете! Дали некоја мува само што ви слетала на храната? Според истражување спроведено од Оркин, компанија за контрола на штетници, само три отсто од луѓето би престанале да го јадат тоа јадење, а тоа е ужасувачка статистика, со оглед на тоа што од таа мала посета се наоѓате во многу поголема опасност отколку што си мислите.

14 милијардери кои своите богатства ги стекнале почнувајќи од нула

Wealth X – истражувачка компанија специјализирана во анализирање и пресметување на имотот на најбогатите луѓе на планетата, ги откри најголемите богаташи коишто не го наследиле нивното богатство, туку го стекнале почнувајќи од ништо.

„Оригами“ саксии што растат заедно со вашите растенија

„Растеж“ е иновативен дизајн на саксии инспириран од јапонската уметност оригами, благодарение на кој саксијата расте заедно со растението во неа, проширувајќи се за да смести повеќе почва и поширока коренска мрежа. Овој дизајн, дело на лондонското Студио Ајаскан, цели кон тоа саксиите да ги направи поодржливи од кога и да е.

Смирувачки црно-бели слики со деца и животни

Секој ден гледате вести и е ужасувачко што се случуваат толку многу лоши нешта. Ве прават гневни, прават да заплачете. Секој ден, свесно или несвесно, нас не хранат со негативни вибрации. Понекогаш едноставно се чувствувам како да не можам да дишам и навистина морам да најдам излез. Природата секогаш е најдобриот лек, секогаш ми носи мир во душата и умот. Така, употребувајќи водени бои, се обидувам да ја доловам таа вродена врска помеѓу луѓето, природата и животните.

Дали пријателството е искрено? 5 знаци кои ќе ви помогнат да го дознаете тоа

„Попрво би одела со пријател во темно, отколку сама на светло“ – Хелен Келер

Влезете во најголемата и најмистериозната пештера во светот

Во Мамутската Пештера човечка прв пат стапнала човечка нога пред 4000 години. Тоа биле километри црна темнина и неистражени премини, целата прошарана со сталактити и сталагмити.

Оваа луда масонска теорија на заговор на крај излезе дека е точна

Интернетот е преплавен со смешни теории на заговор, но оваа завера за се превземе италијанската комунистичка партија на крај излезе дека е точна. Кога конечно било отворено досието, се испоставило дека во заверата биле вклучени аргентински претседател, иден министер за правда, па дури и и Ватикан.

Овие спирални скали можете да ги закачите на било кое дрво без никаков алат

Дизајнерите Тор те Кулве и Робер Мекентајр измислиле интелегентен систем кој на секого му овозможува да постави спирални скали на стеблото на дрво без да го оштетува и без да употребува алатки. Нивните скали се изработени од бреза и за стеблото се закачуваат со помош на ремени и дебели неопренски перничиња. „Работевме со арборикултуралистите при […]

Најнасмевнатите мачки на интернет

Овие насмевнати мачки ќе ви го разубават денот, без разлика колку ви бил тежок. Сите знаеме дека мачките се мистериозни, тогаш на што се должат нивните насмевки? Уште почудно е тоа што тоа на нивните лица не се вистински насмевки, бидејќи нивните мускули на лицето не се исти како тие на луѓето. Мачките својата среќа ја изразуваат со нивното предење, затворајќи ги очите и зафрлајќи ја главата наназад.

Симпатични илустрации коишто нѐ потсетуваат дека бремените жени ги заслужуваат нашите седишта повеќе од нас

Колку и да сте изморени кога конечно ќе седнете на вашето седиште во автобус или воз, сепак најверојатно сте помалку уморни од бремената жена која ќе застане крај вас.

Овој човек потрошил 4 години за да израсне црква од дрвја

Волшебно прекрасната црква од живи дрвја дворот на Новозеланѓанинот Брајан Кокс самата по себе е доста впечатлива, но уште позапрепастувачки е кога ќе дознаете дека за да ја создаде му биле потребни само четири години!

Жена ми ме остави само со ова куче, па така ја започнав оваа интересна фото серија

На мојот триесетти роденден, жена ми ме остави. Таа го зеде сиот кујнски прибор, мебелот, фотографиите, нејзините украси. Ме остави во празен, бел стан. Единственото нешто што не го зеде со себе беше мојот бул териер, когошто го нарече според нејзиниот омилен дизајнер на чевли – Џими Чу. Имајќи го само Џими за друштво, најдов инспирација во празните ѕидови и мојот најдобар другар, и почнав да го сликам Џими Чу додека тој лудуваше низ куќата, среќен од сиот тој слободен простор кој наеднаш се создаде. Кога тој папса истоштен веднаш до белиот ѕид, зедов маркер и нацртав нов свет околу него.

Проблемот со порното: нешто за што сите би требало да размислиме

Порно. Тоа е слонот во собата. Во денешниот свет на отворена сексуалност, речиси е невозможно да се избегне баражот од еротска пропаганда која се прикажува преку најразличните медиумски содржини. Било да се работи за софт-кор разголеноста на славните на филм и телевизија, или хард-кор порнографијата на илјадниците порно сајтови, лесно е да се заклучи дека свесно или несвесно, сите ние сме подложени на некој вид на порнографија.

Запознајте се со првата жена која раководи со мексикански нарко картел

Мажите од кланот на Арелано Феликс се сите мртви или в затвор, па така властите веруваат дека Енедина Арелано – Феликс го преземала водството.

Оваа куќа покрај река има уникатна и навистина паметно смислена фасада. Погледнете го одразот во водата!

Реј Барткус, уметник од Њујорк, е автор на овој прекрасен мурал во литванскиот град Маријамполе, дизајниран така што да изгледа дека е насликан не врз ѕидот, туку врз водата. Барткус намерно го насликал наопаку за насликаните пливачи, веслачи и лебеди да изгледаат како да се насликани врз реката Шешупе, којашто тече низ центарот на градот.

Неверојатна дрвена еко-куќа која се врти кон сонцето во текот на зимата и се трга од него во текот на летото, а згора на се е отпорна на земјотреси

Дали ви е здосадено од истиот поглед од вашата спална соба? Сега можете да купите куќа која се врти и од која погледот никогаш не е ист. Сѐ што ви треба е – милион долари. Оваа куќа е изградена во Њу Палц, Њујорк. Неверојатниот дизајн од кој буквално ќе ви се сврти во главата, овозможува куќата да ротира околу својата оска, така што во текот на зимата прозорците кои се протегаат од подот до покривот ќе бидат свртени кон сонцето, а во текот на летото спротивно од него.

Како обичните камења се преобразуваат во прекрасни уметнички дела

Повеќето луѓе кога че погледнат во камењата на земјата гледаат само – камења. Но, Мелинда Гаспар во нив гледа потенцијал. Родена во семејство на сликари во мало село во Трансилванија, Гаспар пораснала опкружена со уметност и природа, па така сосема природно е што и самата таа ја зела четкичката в раце.

Овие луѓе поим немаат колку се безобразни и навредливи натписите на маиците што ги носат

Понекогаш човек да се запраша дали намерно не се продаваат вакви маици во земји кадешто англискиот јазик не е во официјална употреба. Згора на сѐ, некои од нив се со детска големина – факт кој навистина запрепастува.

Ова лето вашето ледено кафе направете го уште подобро

Ова лето вашето ледено кафе направете го уште подобро

Леденото кафе е фантастичен летен пијалок, и во него најдобро се ужива наутро, кога сѐ уште е свежо, или пак попладне, бегајќи од жестокото сонце. Но, зошто тоа да го правите секогаш на ист начин? Ова кратко видео ќе ви даде малку инспирација за тоа како да експериментирате и да изнајдете нови начини да уживате во вашиот омилен пијалок.

Женава посвоила куче на умирање за последните денови да му ги направи колку што е можно посреќни

Американката Никол Елиот неодамна го усвоила Честер, куче заболено од рак. Кога го видела огласот во кој се бара љубезна личност која би го вдомила несреќното куче, таа решила да го земе кучето кај себе.

Сѐ што менуваш менува сѐ

Тоа е тоа. Вие сакате да бидете робови на навиките. Тоа ни стана начин на живот. Тоа се гледа насекаде кадешто ќе погледнеме и во се што правиме. Но, премногу рутина создава крутост во умот којашто потоа се претвора во нееластичност на телото. Сето тоа доведува до лошо телесно, умствено, емоционално и духовно здравје и на личен, а и на професионален план. Отвореноста е таа којашто може да нѐ доведе до растеж.

На брегот на Данска има една многу чудна скулптура

На брегот на Данска има една мистериозна дупка, веднаш до градот Аархус. Уште почудно е што оваа квадратна шахта поркиена со стакло и која се протега до темните длабочини на Земјата, не е обложена со песок или камења, туку со книги. Наликува на мала подземна библиотека, сосема недостапна од површината на земјата, а зборовите во книгите се заклучени во тајност.

Бездомниците во Њујорк со децении живеат под земја

Подземните „луѓе-кртови“ одамна се дел од урбаната митологија на Њујорк, но прилагодливоста на бездомниците коишто тунелите на Њујорк ги нарекуваат дом се повеќе вистина отколку митови.

Колку повеќе се поврзувате, толку помалку се поврзувате!

Центарот за психолошки истражувања во Шенјанг, загрижен за разорниот ефект кој паметните телефони го имаат врз човечките односи, го најми дизајнерот Шијанг Хе од рекламната агенција Огилви, да изработи серија реклами со цел подигање на свеста кај луѓето.

Куче, 8 птици и хрчак – најневеројатната комбинација на најдобри другари – како во цртан филм!

Запознајте се со Боб, пријателски настроениот златен ретривер. Боб живее во Сао Паоло, Бразил, заедно со неговите сопственици и со девет други миленичиња. Симпатичното куче привлече внимание на Инстаграм благодарение на фотографиите на кои се гледа како мирољубиво позира со неговите цимери, како патува по светот и си ужива. Е ова ви се вика кучешки живот!

Оваа куќа скриена во карпа има неверојатен поглед кон морето

Двајца грчки архитекти дизајнирале навистина уникатна куќа наречена „Casa Brutale“, којашто совршено се вклопува во бетонскиот стил познат како брутализам, но вметнувајќи ја нивната луксузна бруталистичка куќа во внатрешноста на крајбрежна карпа со прекрасен поглед кон морето. Архитектите Лаертис Антониос Андо Василиу и Пантелис Кампуропулос, кои заедно ја формирале OPA Works, со овој проект дале своевиден „омаж на чистиот брутализам“. Базенот на покривот и подземните ѕидови помагаат во топлинската изолација на објектот.

15 плажи со прекрасно обоен песок

Иако повеќето луѓе мечтаат за плажа со прекрасен бел песок, плажите низ светот имаат и поинаква боја. Низ светот има плажи со пурпурен, розев, црвен, зелен, црн, портокалов и бел песок.

Треба да изградите ѕид? Зошто да се задоволите со обичен, досаден ѕид од цигли, кога можете да го имате ова?!

Доколку се изведе како што треба, камениот ѕид како акцент може вашата соба да ја направи апсолутно шармантна. Камените ѕидови го имаат тој безвремен, селски квалитет кој потсетува на старите градежни техники од дамнешното минато. Сепак, дали камениот ѕид би можеле да го сметате за уметничко дело?

Еден поглед кон овие оптички илузии и вашиот мозок може да експлодира

Оптичките илузии се замислени со таа цел, да ве збунуваат. Додека да трепнете, почнувате да се чудите што е тоа што го гледате. Вообичаено има едноставно објаснување за тоа што се случува кога гледате оптичка илузија, но за објаснувањето вообичаено дознаваме подоцна. Еве неколку анимирани илузии кои можат да ве збунат.

+