Интернетот е преплавен со смешни теории на заговор, но оваа завера за се превземе италијанската комунистичка партија на крај излезе дека е точна. Кога конечно било отворено досието, се испоставило дека во заверата биле вклучени аргентински претседател, иден министер за правда, па дури и и Ватикан.

Пропаганда Дуе

ms01

Пропаганда Дуе била формирана во 1877 како масонско прибежиште за политичарите кои во дадени можности не можеле да ги посетуваат нивните матични масонски ложи. Најрани членови на оваа ложа биле членови на италијанското благородништво, кои останале во неа сѐ до нејзиното замирање во 1960-те.

Личо Џели

ms02

Кога во 1966 година водството на организацијата го превзел Личо Џели, таа се претворила во сосема поинаков ѕвер. Пред Втората светска војна, тој волонтирал како еден од „црните кошули“ на Мусолини и работел како врска помеѓу Мусолини и Третиот Рајх. По војната, кога масонството повторно станало законски прифатливо, Џели почнал да ја организира ложата како фашистичка влада во сенка со цел да се бори против растечкиот бран на комунизмот. Оваа организација во која членувале некои од најмоќните луѓе на планетата наскоро почнала да се доведува во врска со извесен број на злокобни дела.

Во Аргентина

ms03

Џели првин фрлил око на Јужна Америка, кадешто се надевал да го осакати италијанскиот комунизам со обезвреднување на италијанската валута. Со својата десна рака Умберто Ортолани, Џели помогнал да се основаат ложи низ целиот континент, па дури помогал и на Хуан Перон да ја поврати власта во 1973 година. Кога тој план пропаднал, почнал планот за формирање на тајна паралелна влада.

Банко Амбросиано

ms04

Набргу Пропаганда ја ставила под своја контрола Банко Амбросиано, една од најмоќните банки во Италија во која инвестирал и самиот Ватикан. Главниот директор, Роберт Калви, бил посветен масон за кој се тврди дека испрал 1.3 милијарди долари од банката со помош на ложата. Бизнисот на крајот пропаднал, но не пред да исчезнат сите пари. Подоцна Џели бил посочуван како виновник за пропаѓањето на банката.

Вклученоста на Ватикан

ms05

Се открило дека дури и Ватикан бил вмешан во сплетките на Пропаганда Дуе благодарение на Калви и неговата коруптирана банка. Некои од парите проневерени биле наменети за црковни проекти преку Институтот за религиски дела.

Кориере Дела Сера

ms06

Пред да пропадне Амбросиано, Пропаганда Дуе ги користела своите фондови за да си обезбеди гласноговорник во италијанската јавност. Лоџата одамна планирала да се инфилтрира во медиумите, и Џели фрлил око на групата Ризоли, печатарски конгломерат кој имал финансиски проблеми и покрај тоа што поседувал бројни списанија и весници. Моќната банка пристапила на помош и за возврат на тоа Пропаганда Дуе почнала да ги користи изданијата на медиумскиот конгломерат за да издава статии со антикомунистичка пропаганда.

Смртта на Алдо Моро

ms07

Во 1978 година, Пропаганда Дуе била доведена во врска со смртта на Алдо Моро, италијанскиот премиер кој бил киднапиран од комунистичките Црвени Бригади додека тој бил на пат да постигне договор со комунистите. Почнал да се јавува сомнеж дека Пропаганда Дуе ги има вмешано прстите во овој инцидент кога се открило дека нејзини членови, вклучувајќи го и полицискиот комесар Елио Копа, карабињерскиот генерал Џузепе Сиракузано и главата на италијанското разузнавање Џулио Грасини, се обиделе да ја заташкаат истрагата за случајот.

Оловните години

ms08

Пропаганда наводно била вклучена и во екстремно десничарските терористички групи одговорни за повеќе бомбашки напади за време на „Оловните години“ во Италија. Бомбашкиот напад од 1969 врз Пјаца Фонтана и болоњскиот масакр од 1980 година биле припишани на Стефано деле Кјаие, член на масонската организација. Џели подоцна бил обвинет за клевета со која целел да обезбеди неказнивост за извршителите на масакрите и за диверзија врз истрагата, но никогаш не дошло до законски процес.

Наоѓањето на листата на Џели

ms09

Падот на Банко Абросиано во 1981 го отпочнал и падот на Пропаганда Дуе. Додека инспекторите истражувале за Џели, тие откриле листа со членови којашто вклучувала имиња на тројца министери, дузина членови на парламентот, стотици воени претставници, како и главните луѓе на сите разузнавачки агенции на Италија. Две недели по објавувањето на оваа листа, италијанскиот премиер си дал оставка, а шефот на полицијата извршил самоубиство.

Уште еден, последен скандал

ms10

Години потоа, се открил уште еден скандал во врска со Пропаганда Дуе. Бо 1993 година бил најден документ со кој се открило дека биле исплатени 7 милиони долари на социјалистичките лидели кои помогнале на Банко Амбросијано една деценија порано. Еден од тие водачи, Клаудио Мартели, подоцна станал премиер, што докажува колку далеку досегнувало влијанието на Пропаганда Дуе.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено