Најдобрите места во светот да скокате од планина, да сурфате на вулкан, или да трчате со бикови. Овде екстремните спортови стануваат најневеројатни авантури.

Качувајте се по мраз на водопадите Хелмкен, Канада

spr01

Пештерата во близина на Хелмкен водопадите во Британска Колумбија е невеорјатна и е совршено место за качување по лед, бидејќи е најстрмниот леден гребен во светот кој нуди тотално екстремно спортско искуство.

Кајтсурфање во Тарифа, Шпанија

spr

Гибралтарскиот Проток создава природен ветерен тунел кој е идеален за кајтсурфинг. Во Тарифа се собираат кајтбордери од целиот свет.

Полетајте од Мон Блан, Франција

sp03

Летањето со костум за летање е најекстремниот од екстремните спортови. Ќе ви треба еден тон храброст да скокнете од планина иии од карпа со ништо друго освен костум за летање. Да се пуштите од Мон Блан кој е висок 4800 метри ви се потребни челични нерви.

Трчајте со бикови во Памплона, Шпанија

sp04

Традиционалното бегање пред биковите се случува за време на фестивалот Сан Фермин во Памплона, секој ден од 6. до 14. јули. Биковите се наведуваат низ стариот кварт на градот и потоа се трча со нив околу пет минути доведувајќи ги до арената.

Нуркајте во пештера во Големата Сина Дупка, Белизе

sp05

Вакви подводни пештери има низ целиот свет, но оваа е најголемата и изобилиува со морски суштества и корали, поради што е едно од најпрекрасните места за нуркање и пливање во светот. Џиновската дупка е широка околу 300 метри и длабока 120 метри. Нуркачи од целиот свет доаѓаат кај Големата Сина Дупка, близу Белизе.

Скокнете од карпа во Пемброкшир, Велс

sp06

Ако ја имате храброста да застанете на работ од карпа, да погледнете удоу и да скокнете во водата длабоко под вас, тогаш сакате да нуркате од карпа. Сината Лагуна во Пемброкшир е најпопуларното место за овој спорт.

Одете по јаже во Моаб, Јута

sp07

Одењето по јаже е екстремен спорт кој може да се изведува на многу места, но од неодамна ентузијастите најчесто се собираат во кањоните околу Моаб, Јута, САД. Прекрасните природни пејсажи и карпести формации се совршени за овој спорт.

Сплаварење низ Рио Упано, Еквадор

sp08

Рио Упано е еден од најголемите предизвици за сплаварење во светот. Името на реката значи „Река на светите водопади“, и нејзините брзаци ве носат низ прекрасна прашума, нудејќи ви незаборавни доживувања.

Скојате од мост над Викториините Водопади, Зимбабве и Замбија

sp09

На границата помеѓу Зимбабве и Замбија се наоѓа мостот над Викториините водопади. Мостот се извишува над река во којашто врие од крокодили, за сите оние на коишто самата височина им е малку. Скокањето со банџи над река со крокодили ризикот го крева на сосема ново ниво. Ова место е највозбудувачкото во светот за скокање со банџи, но не и најбезбедното. Една жена од Австралија паднала во водите, но ја имала таа среќа да преживе и да раскажува.

Сурфајте на Вулкан во Леон, Никарагва

sp10

Не ви е потребна вода за екстремно сурфање. Појдете во Леон, Никарагва, за да се искачите на 610-метарскиот вулкан и потоа да сурфате до подножјето. Ова е тежок спорт, бидејќи во основа се спуштате лизгајќи се врз црни камења. Површината на вулканот Серо Негро не е мазна како снег или вода, па така ова е особен предизвик за љубителите на овој спорт.

Сподели на Facebook
пати видено