Застанете! Дали некоја мува само што ви слетала на храната? Според истражување спроведено од Оркин, компанија за контрола на штетници, само три отсто од луѓето би престанале да го јадат тоа јадење, а тоа е ужасувачка статистика, со оглед на тоа што од таа мала посета се наоѓате во многу поголема опасност отколку што си мислите.

m01

Постојат повеќе од 100.000 видови муви од редот Diptera. Сите тие, вклучувајќи ја и обичната домашна мува се мали подвижни биоризици коишто се целосно подготвени да ве инфицираат. Овие досадни, наизглед бесопасни инсекти, се всушност совршени носители на преку 100 различни патогени коишто се штетни за луѓето.

m02

Само тој факт е доволно лош сам по себе кога мувите би си ја терале работата некаде во дивината, што подалеку од луѓето. Но, тоа не е така. Тие се биолошки предиспонирани да претпочитаат да живеат во наша близина, распространувајќи бактерии и зарази токму таму кадешто ние би можеле да налетаме на нив.

Повеќето од нас веќе знаат дека кога мува ќе слета врз вас, таа всушност повраќа врз вас. Тоа е стандарден дел од урбаните легенди за гадноста околу овие мали заразни бомби. Тоа што повеќето не го знаат е дека тие не само што повраќаат врз нас, туку таа повраќаница ја користат за да апсорбираат дел од тоа врз што во моментот се наоѓаат, јадејќи ја таа нова мешавина, а потоа одлетувајќи да повратат и да го повторат истото на друго место.m03

Па така, кога мува ќе слета на ѓубре, или на изметот на вашето куче, па потоа на вашата скара и на ваата салата – ви носи по нешто од сѐ на што слетала пред тоа. Секоја просечна домашна мува веројатно носи салмонела. Најмалку.

m04

Од тука натаму листата станува уште пострашна. Мувите можат да ве инфицираат со антракс, туберкулоза, паратифоидни трески, дизентерија, колера и милијарда други заболувања кои ќе ви предизвикаат различни степени на дијареа.

m05

И тоа само домашната мува. Егзотичните муви на кои може да налетате за време на вашиот одмор носат уште полоши патогени.

Африканската мува Цеце носи неверојатно кошмарни едноклеточни организми кои ви ги јадат мускулите одвнатре. но, не грижете се, ќе се онесвестите пред да се случи тоа. Инфекцијата со трипаносоми преку мувата Цеце е наречена „спиечка болест“, бидејќи нападот на нервниот центар првин го напаѓа мозокот што жртвите ги прави исклучително летаргични..

m06

Песочните муви од Јужна Америка, Африка и делови на јужна Европа се носители на микроорганизмот Лајшманија, одговорен за Cutaneous leishmaniasis – кожно заболување кое предизвикува гнојни чирови коишто никогаш не заразнуваат и ве прават ужасно подложни на понатамошни инфекции.

  m09

Мувите пренесуваат и јајца од паразитски црви како тении. А згора на сѐ, ќе положат и нивни јајца од коишто доколку има можност да успеат, ќе се развијат ларви.

Па така, кога следниот пат ќе ви слета мува на храната или на вашата рака, не стојте мирно набњудувајќи ја, и размислете два пати пред да продолжите да јадете од истата храна.

m11 m12

Сподели на Facebook
пати видено