„Попрво би одела со пријател во темно, отколку сама на светло“ – Хелен Келер

Доколку имате проблем да решите дали вашиот пријател/ка ви е искрен пријател, тогаш вашето пријателство веќе се клати. Ако сакате да дознаете дали вашиот другар се дружи со вас од добри побуди, морате да обрнете внимание на тоа што тој го вели, што прави и како прави да се чувствувате. Обрнете внимание на овие едноставни знаци и ќе ја дознаете вистината.

Is It A True Friendship 5 Signs To Help You Find Out

1, Вашиот пријател ве поттикнува да се здобиете со поголема самодоверба

Еден од нашите најголеми недостатоци е тенденцијата за негативна самокритика, но вистинскиот другар секогаш е тука да ве бодри кога се чувствувате потиштени. Луѓето се чувствуваат подобро кога крај себе имаат блиски луѓе кои ги охрабруваат и поддржуваат во текот на нивниот живот. Било кога се чувствуваат несоодветни за некоја работа или кога не им се допаѓа тоа што го гледаат во огледалото, блиските пријатели се тие кои се секогаш тука да не охрабрат и разбедрат.

„Што е тоа пријател? Една душа во две тела“ – Аристотел

2. Вашиот другар се грижи за вас и сите нешта коишто ве прават среќни

Вистинскиот пријател секогаш е подготвен да ја стави вашата лична среќа пред вашето пријателство. Тој нема да се двоуми да ви каже нешто што можеби не сакате да го слушнете, нешто што може да го наруши вашето пријателство, доколку верува дека тоа е во ваш најдобар интерес. Вистинскиот пријател ќе се соочи со вас кога имате проблем со алкохолот или некоја друга зависност.

„Не постои нешто што не би го направила за тие коишто навистина ми се другари.“ – Џејн Остин

3. Вашиот пријател ги споделува вашите проблеми и ви помага да се соочите со нив

Личноста којашто навистина ве познава и ве сака – вистински пријател – е нкој кој ја гледа болката во вашите очи кога сите околу вас ѝ веруваат во насмевката на вашето лице. Не барајте некој кој би ви ги решил сите ваши проблеми, барајте некој кој ќе застане рамо до рамо со вас при соочувањето со нив.

„Не чекори зад мене; можеби нема да те водам. НЕ чекори пред мене; можеби нема да те следам. Само чекори крај мене и биди ми пријател“. – Албер Ками

4. Вашите пријатели ве прифаќаат такви какви што сте

Со сите недостатоци кои можеби ги имате, колку и да се чувствувате несоодветно понекогаш, не мора да ги криете вашите несовршености кога сте со вистински пријател. Тие ги гледаат вашите мани како нешто интересно и прекрасно. Квалитетот на среќата помеѓу двајца луѓе расте правопропорционално со прифаќањето еден на друг такви какви што се, и обратнопропорционално со нетрпеливоста и високите очекувања.

„Пријател е некој кој знае сѐ за вас и сепак ве сака“ – Елберт Хабард

5. Вашиот пријател ви ги простува малите грешки

Понекогаш навистина ја зафркнувате работата. Со лажните пријатели, ваквите грешки значат крај на пријателството. Вистинските пријатели знаат дека понекогаш оплескувате. Тие ќе ви простат бидејќи повеќе го ценат вашето пријателство од вашата (привремена) грешка.

„Пријателството е нешто што не е неопходно, како философијата или како уметноста…Тоа не е пресудно за опстанокот; Всушност тоа е едно од оние нешта што му даваат вредност на опстанокот.“ К.С. Луис

Сподели на Facebook
пати видено