Кога 22-годишната Аби Рамирез Бодли од Арканзас, САД, не успеала да најде венчаница во рамките на буџетот со кој располагала, таа решила самата да си направи една. Нејзината тетка, којашто ја научила да плета уште кога таа имала три години, љубезно се понудила да помогне. На 17 октомври, после осум месеци напорна работа, Рамирез Бодли се упатила кон олтарот во свадбениот фустан од нејзините соништа, кој ја чинел само 70 долари, плус 100 долари за зелениот фустан под него.