Научниците дебатираат за етичноста на манипулирањето на човечките гени.

Филмот „Гатака“ го истражува концептот на иднината во која бебињата се раѓаат генетички совршени, со сите можности за наследени болести отстранети со манипулирање на гените – сценарио кое на крај би довело до тоа поединците родени природно да бидат сметани за граѓани од втор ред.

gen

Замислата за генетска модификација сепак навистина претставува оправдана причина за етичка дилема. Иако употребата на вакви техники за борење со тешките болести изгледа како нешто за што воопшто не треба ни да се размислува дали треба да се прави, можноста може да се искористи и за т.н. „дизајнирано“ бебе, т.е. двојките би можеле да ги бираат телесните карактеристики на нивното дете уште пред тоа да се роди. На тој начин дури би можеле да се зголемат и нивните телесни и умствени способности.

Оваа недела група истражувачи и етичари од висок профил се собрале во Вашингтон за да дебатираат за придобивките и етичките гледни точки на менувањето на човечките гени, и нивниот можен ефект врз иднината на човештвото.

Комитетот на крајот заклучил дека „би било неодговорно да се продолжи со клиничка модификација на човечки гени без значително дополнително истражување во врска со безбедноста на таквите процедури“. Но, сепак изјавуваат дека „како што научното знаење ќе напредува и општествените погледи ќе еволуираат, прашањето за клиничката манипулација на гените треба секојдневно да се преиспитува.“

И така, иако манипулирањето на човечките гени сега за сега не доаѓа предвид, тоа не значи дека ќе остане така во не толку далечната иднина.

Сподели на Facebook
пати видено