Бидејќи сопствениците на мачки мирисот на своите миленици го опишале како „мирис на сонцето и сладок мирис на штотуку испечен леб“, јапонската компанија Фелисимо решила да го проучи овој мирис, за на крај да го произведат спрејот со мирис на мачка.

Наводно, по четири месеци душкање на разни мачки, самиот директор Јамамото го репродуцирал мирисот. Спрејот чини околу десет евра и може да се искомбинира со крем за раце кој „не само што мириса како мачка, туку ви ги прави рацете меки и нежни како мачешка шепа“.

мч01 мч02 мч03 мч04 мч05 мч06

Сподели на Facebook
пати видено