Како дел од борбата против сиромаштијата и начин да се поттикне економијата, Финска планира на секој граѓанин секој месец да му дава чек од 800 евра. Концептот е наречен основен приход, и финската влада планира да ја заврши неговата имплементација овој месец.

Финската институција за социјално осигурување (КЕЛА) направи план на секој од 5.4 милиони граѓани на Финска да им плаќа по 800 евра месечно, без никаков данок, што би требало да ги замени програмите за социјална помош. Иако конечниот проектен предлог од КЕЛА не се очекува пред ноември 2016 година, се планира пробна фаза пред целосната имплементација на програмата.

fin

Економистите со години дебатираат за основниот приход, но Финска ќе биде првата поголема држава којашто навистина ќе го примени моделот на универзална основа. Аранжманот прв пат бил популаризиран во 1960-те од страна на Милтон Фридман со што „ќе се обезбедува исплата на парични средства од страна на државата кои би требало да го зголемат приходот.“

Ова може да биде одговорот на Финска на порастот на стапката на невработеност и сиромаштија во земјата за време на тригодишната рецесија, и со сигурност е доста популарен кај Финците. Во неодамнешна анкета спроведена од страна на КЕЛА, 69 отсто од Финците ја поддржуваат идејата за оснвен приход. Гласачите во април ја изгласаа Партијата на центарот, којашто како централен дел во својата кампања го имаше основниот приход, но идејата е популарна помеѓу гласачите на сите партии.

До сега во Финска социјалната помош се распределуваше врз основа на остварениот приход. Основниот приход, за разлика од тоа, ќе биде подеднакво распределн на сите, без разлика колку пари заработуваат. Критичарите велат дека основниот приход ќе го отстрани мотивот за работа и ќе доведе дури и до повисока невработеност. Поддржувачите посочуваат на претходните експерименти, како тој во канадскиот град Дофен, во кој основниот приход бил успешно спроведен во текот на 1970-те. Жителите на Дофен биле дел од програма првично дизајнирана да се процени дали доделувањето на средства на сиромашните вработени, во износ доволен да ги задоволи основните животни потреби, ќе ја елиминира желбата за работа. Тоа не се случило. Пет години им биле доделувани чекови на најсиромашните граѓани, без никакви дополнителни обврски, и за пет години сиромаштијата била искоренета.

Финскиот премиер Јуха Сипила исто така го поддржува концептот за основен приход, велејќи: „За мене основниот приход претставува поедноставување на системот за социјална грижа.“

Сподели на Facebook
пати видено