Британскиот компјутерски експерт Гери Меккинон, кој долго време е НЛО фанатик, во 2002 година беше уапсен поради хакерски упад во системите на американската морнарица и на НАСА, кој беше окарактеризиран како „најголемиот хакерски напад на сите времиња“.

Меккинон тврдел дека безбедносниот систем бил толку лабав, што не очекувал дека ќе биде фатен. Употребил програма наречена Лендсрч за скенирање документи и датотеки, во потрага по заташкувања на случаи со НЛО, и тоа го правел две години пред играта да заврши. Во Велика Британија се соочил со десетгодишна судска битка и за влакно избегнал екстрадиција во САД. И порано зборувал за тоа што точно открил за време на неговиот хакерски напад, но никогаш не зборувал толку отворено како во ова негово интервју.

Тврдењата на Меккинон

– Во Зградата 8 во Џонсоновиот вселенски центар има човек чијашто единствена задача е да ретушира фотографии, отстранувајќи ги НЛО од нив, бидејќи тие толку многу често биваат снимени.

– Нашол табела на Американската морнарица со насловот „Вонземни офицери“. Меккинон признава дека овие зборови можат да бидат толкувани на повеќе начини, но едно е сигурно, со оглед на нивниот назив, нивната функција сигурно не е на Земјата.
– Меккинон вели дека во Ексел документот има околу 25 реда со имиња и чинови на офицерите, а бродовите имале префикс „USS“, исто како и американските поморски бродови.
– Тој тврди за доказ за „материјални трансфери помеѓу бродовите“, за кои претпоставува дека се „веројатно осум до десет“.
– Меккинон вели дека сето ова посочува на тоа дека САД имаат воени бродови во вселената, во што можеби лежи причината зошто администрацијата на Буш толку многу сакала да го стави зад американски решетки.

Во деловите на Јутјуб кои следуваат по ова видео (2, 3 и 4), Меккинон објаснува подетално за информациите кои ги споделува во првиот дел, и дава свои причини зошто не верува дека човекот слетал на месечината.

Сподели на Facebook
пати видено