Како би изгледал Сончевиот Систем во намален размер, во кој Земјата е претставена со џамлија?

Сончевиот систем, заедно со сите планети и месечината е многу лесно да се претстави со цртеж во учебниците. Тоа што е тешко е да се претстави и доживее зашеметувачкото растојание коешто ја одделува секоја планета на својата индивидуална орбита околу сонцето. Флиммејкерите Алекс Горош и Вајли Оверстрит си поставиле предизвик да изградат такот модел и резултатот е овој фасцинантен краток филм наречен „Во намален размер“ (To Scale).

Кога не знаете што да правите со парите: Нездраво богат човек зел па ја изградил Бет-пештерата на Брус Вејн!

Другари… некои нешта во животот едноставно не се фер. Овој богаташ од Австралија си има своја сопствена Бет-пештера, а вие немате.

Контроверзни илустрации од руски уметник, полни со скриени пораки

Овие мрачни дигитални илустрации од рускиот уметник Валдемар вон Казак флертуваат со надреализмот и социјалниот коментар, употребувајќи сексуална напнатост и бизарни ликови за да го привлече вниманието на гледачите.

Вистината зад Инстаграм фотките

Секој ден илјадници луѓе лепат фотографии на Инстаграм, со цел да си создадат нов идентитет за себеси. Тоа е пораката зад оваа интересна фото серија на авторката Чомбо Баритон, фотограф од Бангкок, Тајланд, која ни покажува колку можат да бидат лажни сликите на Инстаграм.

И официјално е потврдено – загадувањето убива повеќе луѓе отколку што тоа го прави сидата

До 2050 година, дури и ако секоја земја во светот воведе закони за регулирање на квалитетот на воздухот, бројот на смртни случаи поради загадувањето на воздухот веројатно ќе се удвои.

Локалните жители ја користат американско-мексиканската граница како одбојкарска мрежа за да промовираат мир

Локалните жители ја користат американско-мексиканската граница како одбојкарска мрежа за да промовираат мир

Иако мејнстрим медиумите и филмовите вообичаено ја прикажуваат границата помеѓу САД и Мексико како воена зона, ова е позитивен пример за тоа како обичното население од двете страни на границата гледа на меѓусебните односи, кои се затегнати поради проблемите со имиграцијата и шверцот со дрога. Овој настан инспирирал и редица други градови долж границата помеѓу САД и Мексико и тие да организираат слични настани.

10 срцезатоплувачки цртежи за љубовта и романсата од Зак Рец

Зак Рец е млад, високо надаренилустратор кој во своето слободно време црта прекрасни цртежи кои целосно го откриваат искуството на љубовта и романсата со кои ние во даден момент од нашите животи сме благословени да се запознаеме.

Со векови еденмал град во Перу ја одржува оваа неверојатна традиција

Со векови еденмал град во Перу ја одржува оваа неверојатна традиција

Секоја година, локалните жители на двете страни од кањонот на реката Апуримак во Перу употребуваат традиционални градежни техники за повторно да го изградат мостот Кeшуачака. Целиот мост се гради за само три дена, но тоа не е највпечатливиот дел – единствениот материјал кој го употребуваат е трева! Мостот традиционално секоја година се гради на истото место уште од времето на Инките. Погледнете го тоа во видеото кое следува!

Револуционерен 3D принтер може да изгради 10 куќи за 24 часа, и само за цена од по 5000 долари!

За да ја решат кризата со вдомување како и со зголемената побарувачка за еколошки и економски исплатливи решенија, многу архитекти експериментираат со 3D печатење.

Сирискиот претседател вели дека САД и Европа ја создале бегалската криза со поддржување на тероризмот

Во интервју оваа недела, сирискиот претседател Башар Асад истакна дека САД и Европа носат голем дел од вината за бегалската криза која се засили во последните недели.
Како што истакнува тој, владата на САД и НАТО ги финансирале и тренирале сириските бунтовници кои на крај се претворија во ИСИС.

Најубавата библиотека во светот се наоѓа во Прага, Чешка

Библиотеката Клементинум, прекрасен дело на барокната архитектура, за првпат била отворена во 1722 година како дел од Језуитскиот универзитет, и во неа се сместени преку 20.000 книги.

Нов тренд на кујнски дизајн – плочки во боја

Првин беше темен гранит со кујна во боја на цреша, а потоа бела кујна со горен дел во боја на мермер и бели плочки, а сега бојата полека се враќа во кујната, во вид на тренд на уптреба на обоени плочки. Доколку го уредувате вашиот дом и ви е потребна инспирација, не одминувајте ги овие слики

Ви се верува ли дека женава е 59-годишна баба и сѐ уште е активна како топ модел?!

Жените веќе не размислуваат да бидат манекенки и кога се во нивните доцни дваесетти, не пак кога имаат педесет и девет години. Но, 59-годишната баба Јасмина Роси не само што е топ модел, туку и е доста успешна во тоа, работејќи за повеќе познати меѓународни брендови како Marks & Spencer, Hermes and Macy’s…Таа е родена во Франција во 1955 година а пораснала на островот Корзика.

Моето трансформирачко биро-бар ми овозможува напорно да работам и добро да се забавувам

Отсекогаш сум сакал да имам сопствен бар, но со оглед на тоа што живеам во мал стан, единствениот начин да сместам бар во станот е да го искомбинирам со друг мебел. И така јас го дизајнирав ова трансформирачко биро-бар за да заштедам простор со стил.

20 брутално искрени постери кои ја покажуваат нашата зависност од технологијата

Аџит Џонсон, студент на докторски студии по канцерогена генетика и геномика во слободно време се занимава со уметност со која, како што вели тој,сака да ги инспирира луѓето и да им влее љубов и охрабрување.

Еден ден имал проблеми со својот телефон и се обидел да го помине денот без него, при што увидел дека тоа нема да оди лесно. Инспириран од таа случка, ги изработил овие постери со кои сака да покаже до која мера луѓето се станати зависни од технологијата и забораваат на важните нешта во животот.

Фејсбук конечно ќе воведе “dislike” копче, на радост на сите вас хејтери

Противмерката за нарцистичките „лајкувачи“ конечно пристигна.
Марк Закерберг изјави „Мислам дека луѓето со години бараат да има дислајк копче. Денес е посебен ден бидејќи денес е денот кога ќе можам да кажам дека работие на тоа и ќе го оствариме.“

14-годишен ученик муслиман бил уапсен затоа што во своето училиште во Ирвинг, Тексас, донел рачно изработен часовник

Ахмед Мохамед е бистар деветоодделенец кој сака самиот да изработува електронски уреди како радија и сл. Со ова тој би претставувал ученик од соништата, но кога на училиште го донел својот рачно изработен часовник да му го покаже на својот наставник, завршил со лисици на рацете. Додека го апселе, тој носел маичка со натпис НАСА.

Моќна скулптура на фестивалот „Burning Man“ ги покажува малите деца заробени во телата на возрасните

За време на овогодинешниот фестивал „Burnng Man“ во Невада беа прикажани илјадници прекрасни уметнички дела, о еден особено ги привлекол очите на посетителите, поканувајќи ги да ја интерпретираат скриената порака. Се работи за скулптурата „Љубов“ од украинскиот скулптор Александар Милов, која претставува две жичани рамки во форма на возразни како седат грб со грб и нивните внатрешни деца кои посегаат едно кон друго од нивната внатрешност. Ноќе децата се осветлени.

Цртачите на графити во Париз го искористија човекот задолжен за отстранување на графити

Комбо, уличен уметник од Франција, изработил шегаџиско улично уметничо дело откако некој човек бил пратен да го префарба неговото првично дело на истото место. Набљудувајќи го човекот како го покрива неговиот графит, Комбо чкрапнал фотографија со него и подоцна се вратил да го наслика човекот во својот графит!

Порше со својот нов електричен спортски автомобил ѝ фрли ракавица на Тесла

Порше ѝ нуди предизвик на Тесла за сите пари. Германскиот автомобилски производител во понеделник за време на авто-саемот во Франкфурт, на светот му го покажа своето прво возило целосно на електричен погон. Концептниот автомобил, Порше Мисија Е има способност да достигне од 0 до 100 километри на час за помалку од 3.5 секунди

Овие научници биле исмевани, но всушност биле многу пред своето време

Не сите научни откритија се поздравувани и прифатени во моментот на нивното објавување. Почнувајќи од завидливите колеги до тесноградите и конзервативни институции, револуционерните научници морале да се борат со секаков вид на отпор.

Русин тврди дека лоцирал пад на НЛО со помош на Google Earth

Во светот на теориите на заговор воопшто не недостасуваат шпекулациите во врска со НЛО-ата. Што се тие? Од каде доаѓаат? Дали владите знаат за нив? Дали владите ги користат? Во што и да верувате, ако ништо друго, овие теории на заговор се интересни за читање.

Ако мислите дека не сонувате ноќе, веројатно грешите

Секоја ноќ веројатно сонувате до шест различни соништа, но на колку од нив се сеќавате? Повеќето од нас можат да се сетат до три соништа во неделата, а некои тврдат дека воопшто и не сонуваат. Бидејќи не можеме да ги видиме соништата на другите луѓе, не постои начин да ги побиеме или потврдиме нивните изјави. Но, нови откритија сугерираат дека секој сонува.

Еве што се случува кога ќе се искомбинираат мебел и растенија

Никогаш не би си помислиле дека мебелот и растенијата можат да одат заедно како кикирики и чоколада, но следниве примери ќе ви го променат мислењето. И не, не станува збор за секојдневните саксии со цвеќе и кактуси.

Нов вештачки лист способен да произведува кислород би можел животот во вселената да го направи реалност

Луѓето со векови сонуваат да живеат во вселената, но отсекогаш била испречена една голема пречка: да се обезбеди долгорочно снабдување со кислород. Да се влечкаат наоколу неограничени количества на кислород не е изводливо, а да се добие од растенија одгледувани во вселената е тешко, бидејќи зелената вегетација не вирее во услови на нула гравитација.

Како една неписмена жена во 1973 година му пишувала љубовни писма на својот сопруг емигрант

Да се биде далеку од саканите е еден од најголемите предизвици во животот, дури и со денешните евтини и лесни трансконтинентални видео повици. Можете да си замислите како им било на нашите предци, како и на нашите родители и не толку одамна, кога меѓународните телефонски повици биле луксуз и единствениот начин да се одржува контакт бил преку пишување писма за кои биле потребни недели, а понекогаш и месеци за да пристигнат. И тоа под услов да знаеле да пишуваат.

До 2018 година сите холандски возови ќе се движат на енергија произведена од ветер

Благодарение на две прогресивни компании, за луѓето во Холандија функционирањето со помош на одржлива енергија ќе биде целосно редефинирано во текот на следните неколку години.„Nederlandse Spoorwegen, холандски железнички гигант и Eneco, локален снабдувач со електрична енергија, склучиле договор да се погрижат до 2018 година сите возови да се движат на електрична енергија произведена искличиво од ветер!

Ново воено радио праќа пораки преку коските на војниците

Нова воена радиотехнологија им овозможува на војниците да комуницираат со помош на нивните коски. Технологијата ја користи природната способност на човечкото тело да пренесува звук преку коските, а потоа звукот се испорачува директно во внатрешното уво преку шлемот на војникот.

Нови соларни панели кои се печатат со помошта на 3D печатачи се готови да излезат на пазарот!

Австралиски техничари за соларна енергија во рамките на Викторијанскиот конзорциум за органски соларни ќелии неодамна објавија дека наскоро ќе бидат готови да излезат на пазарот со нова технологија за печатење на соларни панели. Тимот работел на проектот веќе неколку години во соработка со научници од CSIRO и истражувачи од Универзитетот во Мелбурн и универзитетот Монаш.

Во дождовните шуми е откриена габа која е способна да го јаде пластичниот отпад

Еден од најголемите проблеми со кои се соочува Земјата, загадувањето со пластика може сосема наскоро да си најде соодвете соперник, доколку студентите од универзитетот Јејл успеат да ја размножат неодамна откриената габа која јаде пластика.

+