Дали сте знаеле дека еколошките навики на луѓето имаат далекусежни смртоносни ефекти? Секако, сите сме свесни за цената која ја плаќаат океаните и дивиот животински свет за нашето загадување, но дали сме свесни дека сето тоа се одразува и врз нас?

Секоја година, 3.3 милиони луѓе низ целиот свет умираат прерано како резултат на загадувањето на воздухот. И станува сѐ полошо: До 2050 година, дури и ако секоја земја во светот воведе закони за регулирање на квалитетот на воздухот, тој број веројатно ќе се удвои. Научниците проценуваат дека лошиот квалитет на воздухот доведува до тоа милиони луѓе да го напуштат овој свет прерано, особено во земјите во источна и јужна Азија.

zg01

Во Азија најголемиот дел од загадувањето на воздухот кое луѓето го вдишуваат доаѓа од согорувањето на горивото за загревање и готвење. Во САД, најголемиот дел од загадувањето доаѓа од погоните за производство а енергија, а во Европа најмногу од употребата на ѓубрива во земјоделството, кои испуштаат амонијак.

Во научниот труд објавен во списанието „Природа“, детално се објаснува како милиони животи се скратуваат како резултат на испуштањето на штетни микроскопски честички во воздухот кои потоа продираат длабоко во белите дробови. Истражувачите употребиле компјутерски модели за да ја пресметаат смртната стапка предизвикана од загадувањето.

zg02

Вкупниот број на луѓе во светот кои умираат од ХИВ/СИДА и маларија заедно изнесува 2.8 милиони годишно. Тоа е за половина милион помалку од смртните случаи предизвикани од загадувањето на воздухот, кое е значителен извор за предвремената смртност.“ изјавува д-р Џос Леливелд, кој го предводел истражувањто.

Според истражувањето, доколку сега не се воведат итни мерки, до 2050 година смртната стапка ќе се удвои.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено