Сончевиот систем, заедно со сите планети и месечината е многу лесно да се претстави со цртеж во учебниците. Тоа што е тешко е да се претстави и доживее зашеметувачкото растојание коешто ја одделува секоја планета на својата индивидуална орбита околу сонцето. Флиммејкерите Алекс Горош и Вајли Оверстрит си поставиле предизвик да изградат такот модел и резултатот е овој фасцинантен краток филм наречен „Во намален размер“ (To Scale).

Почнувајќи со Земјата во големина на една џамлија, иалегува дека ви е потребна област од 11.2 километри за да се прикаже и орбитата на најоддалечената планета Нептун. Тимот употребил стаклени топки осветлени со LED диоди и GPS пресметки за да го мапираат сончевиот систем на сувото тло во пустината Блек Рок во Невада. Штом се спуштила ноќта, тие од блиска планина го снимиле времепловот кој точно го отсликува растојанието на секоја орбитална патека со приближен размер од 1:847,638,000. Ова неверојатно видео ќе ви овозможи појасен увид во тоа каде всушност се наоѓаме во Сончевиот систем.

ss01 ss02 ss03

Сподели на Facebook
пати видено