Австралиски техничари за соларна енергија во рамките на Викторијанскиот конзорциум за органски соларни ќелии неодамна објавија дека наскоро ќе бидат готови да излезат на пазарот со нова технологија за печатење на соларни панели. Тимот работел на проектот веќе неколку години во соработка со научници од CSIRO и истражувачи од Универзитетот во Мелбурн и универзитетот Монаш.

Фиона Шолс, една од истражувачите на CSIRO вели дека со помошта на оваа нова технологија наскоро ќе можат да се печатат соларни ќелии на пластика и други материјали. Ова на крајот може да доведе до употреба на истата технологија на електронските уреди како компјутерите и телефоните, и на тој начин да имаат постојан извор на бесплатна и обновлива енергија. Пккрај тоа, се отвораат и нови можности за комперцијална и индустриска употреба на истата.

solar_panels

„Ги печатиме на пластика на повеќе или помалку ист начин како што ги печатиме нашите пластични банкноти. Поврзувањето на нашите соларни панели е едноставно како што е едноставно поврзувањето на батерија. Многу е евтино. Начинот на кој изгледа и функционира е доста различен од конвенционалниот силиконски соларен панел на покривите“, изјави Шолс за Еј-Би-Си Њуз.

Шолс исто така истакнува дека ќелиите се прозирни до извесен степен, што би овозможило истите да се испечатат врз прозорци и да донесат бесплатна енергија во домовите и зградите.

„Би сакале да ја подобриме ефикасноста на соларните панели и подобро да ја искористиме сончевата енергија. Веруваме дека во следните години ќе ја развиеме оваа технологија и уште понатаму“, вели Шолс.

Сподели на Facebook
пати видено