Благодарение на две прогресивни компании, за луѓето во Холандија функционирањето со помош на одржлива енергија ќе биде целосно редефинирано во текот на следните неколку години.„Nederlandse Spoorwegen, холандски железнички гигант и Eneco, локален снабдувач со електрична енергија, склучиле договор да се погрижат до 2018 година сите возови да се движат на електрична енергија произведена искличиво од ветер!

Во моментот 50 отсто од 2900 километри на холанскиот железнички систем кој превезува 1.2 милиони патници дневно се напојува со енергија добиена од ветер. Трошоците за развој на системот за искористување на ветерната енергија се малку повисоки од конвенционалните начини, но Холандски железници успеале да ја одржат стабилна цената на билетите со намалување на употребената енергија по изминат километар и со помошта на склучувањето на овој договор во траење од десет години под атрактивни комерцијални услови.

vz01

Иницијативата веројатно е резултат на тоа што холандските граѓани ја тужеа својата влада поради тоа што не се грижи доволно за климатските промени. И верувале или не – победиле! Судот наредил холандската влада во текот на следните пет години да ги намали испуштањата на јаглерод моноксид во воздухот за 25 отсто.
Со цел да ја постигне целта, Холанидија ќе мора да премине на одржливи извори на енергија и да ја намали употребата на јаглен и бензин. Според Palid Zebra, земјата има намера да ја зголеми својата ветерна моќ со додавање на погон од 600 мегавати на својот капацитет кој веќе изнесува 2.7 гигавати, кој се планира да биде пуштен во употреба до 2017 година. До 2023 се планира целиот капацитет да изнесува 4.47 гигавати.

vz02

Холандија не е единствената напредна држава која се појавува на насловните страници со својата намера да стане „зелена земја“. Веќе известувавме дека Данска во почетокот на годинава успеала да произведе 140 проценти електрична енергија во еден ден, исто така со помош на ветерна енергија. Шведкса има толку напреден систем за рециклирање на отпадот што веќе ѝ снемува ѓубре и планира да го увезува од други земји. Сѐ се може ако се сака. Потребна е само волја и организација.

Сподели на Facebook
пати видено