72-годишниот Мик Џегер ќе стане татко по ОСМИ пат со неговата 29-годишна девојка, американската балерина Мелани Хамрик

Сер Мик Џегер повторно ќе стане татко, и тоа на 72 години. Рокерот од Ролинг Стоунс – кој веќе има седум деца од претходните врски – ќе го дочека раѓањето на неговото прво дете со 29-годишната американска балерина Мелани Хамрик во јануари 2017 година. Портпаролот на Мик Џегер ја потврдил веста, велејќи за Мелани: „Таа […]

Сомалиски мигрант-силувач бил пуштен од затвор и веднаш потоа се обидел да киднапира девојчиња, претставувајќи се како полицаец

Илегален мигрант од Сомалија се соочува со затворска казна откако се обидел да киднапира деца претставувајќи се како полицаец, и тоа само неколку седмици откако бил порано пуштен од издржување затвор поради силување. 28-годишниот Абди Вајс требало да биде депортиран откако отслужил шест години од изречената затворска казна во траење од осум години поради силување […]

Ги вложил сите пари обложувајќи се на Франција, и по голот на Едер се убил

Илјадници Португалци за шампионската титула на европското првенство во фудбал ќе зборуваат како едно од најсреќните доживувања во животот, но семејството на 27-годишниот Фидел Никитин од Ижевск, Русија, финалето на Евро 2016 ќе го помни како голема лична трагедија. Продавачот на мобилни телефони од Русија паднал во големи долгови и се обидел да се извлече […]

Од дебел до набилдан за само 12 недели без да употребува стероиди! Дали е можно тоа? Па згора на се освоил и 250 000 долари награда!

Дебел социјален работник споделува како го трансформирал својот изглед – и неговиот живот – за само 12 недели за да стане развиен бодибилдер. Откако се здебелил и триесет отсто од неговата телесна тежина се состоеле од сало, Патрик Мањо од Сан Диего, Калифорнија, воопшто не бил задоволен со својот изглед. Но и тоа не било […]

Жена од Виетнам го убила својот сопруг така што пет минути му ги стегала тестисите

Инцидентот се случил кога Каи и неговата сопруга се скарале откако тој се вратил дома и ја нашол вратата заклучена. Локалната полиција изјавила дека Каи бил бесен бидејќи жена му ја заклучила врата и останала внатре со нивните две ќерки, не сакајќи да го пушти мажот да влезе. Тој ја исекол врата со пила и […]

Една туристка посакала да позира со орангутан, но и мајмунот знае што сака

Секој ден, илјадници туристи го посетуваат Сафари Светот во Бангкок, сакајќи да ги видат животните одблизу и да чкрапнат неколку снимки од дивиот свет. Но, една туристка неодамна била шокирана од постапката на еден орангутан со кој се сликала, кој ги свиткал рацете околу неа и ја зграпчил за градите. Во видеото објавено на сајтот […]

Неверојатно! Рибино јато формира облик на фоката која ги гони

На неверојатна снимка со дрон е фатен мигот кога рибино јато бркано од фока се групирало во облик на грабливецот кој ги гонел. Повеќемина сурфери биле почестени со зашеметувачката глетка додека фоката се обидувала да си обезбеди ручек на иконската плажа Бонди во Сиднеј, Австралија. Се чинело како морскиот цицач да плива низ подводно торнадо […]

Нова технологија – нови приоритети; Една жена сама си го снимила својот царски рез и тоа го споделила на Фејсбук

Една жена си ја снимила целосната процедура на царски рез при породувањето на нејзиното трето дете на својот мобилен, осигурувајќи се тоа искуство никогаш да не го заборави. Жаклин од Сиднеј докажала дека мајките се способни за вршење повеќе нешта наеднаш во буквално било која ситуација, снимајќи го секој чекор од раѓањето на нејзината ќерка, […]

Ужасувачка снимка на која се гледа како девојче излетува од автомобил при судир со голема брзина

Видеото може и треба да ве вознемири! Возете внимателно! На снимката во прилогот може да се види ужасниот миг кога девојче излетало низ прозорецот на автомобил кој излетал од патот со огромна брзина, но по чудо преживува.

Изгледаше како сцена од „Живи мртовци“: 33 луѓе се онесвестиле на истата улица во Њујорк откако зеле синтетичка марихуана

Во Њујорк се случила сцена како во„Живи мртовци“, само што не се работело за зомби погодени од инфекција – туку лоша дрога. Вчера наутро во Бруклин биле хоспитализирани триесет и тројца луѓе поради можна предозираност со К2, вид синтетичка марихуана. Сведоците известуваат дека виделе како дваесеттина луѓе повраќале, мокреле и се онесвестиле грчејќи се среде […]

Зависник од Покемон Го бил прободен со нож додека ја играл играта… и потоа ОДБИЛ да го одведат во болница за да може „да ги фати сите“

Зависник од видео играта „Покемон Го“ бил прободен додека додека ловел ретки виртуелни суштества, и одбил да му се укаже медицинска помош за да може да ги фати сите. 22-годишниот Мајкл Бејкер бил на доцновечерен лов на Покемони во Форест Гроув, Орегон, кога налетал на некој за кој мислел дека е друг играч. Но, кога […]

„ТИ УМИРАШ!“ Реакцијата на тригодишното девојче откако следејќи ја постарата сестра до бањата видела дека добила менструација

Тригодишно девојче, кое е сѐ уште премладо да ги разбере женските работи, се расплакало откако следејќи ја својата сестра до бањата видела дека таа крвари, мислејќи дека тоа значи дека ќе умре. 16-годишната Миа Толентино од Алјаска ја снимила својата натажена сестричка Рејн која веднаш помислила на најлошото за својата постара сестра. Видеото е трогателно […]

Срцезатоплувачкиот момент кога лав вади стрелка за успивање од телото на лавица

И после кажете дека животните не чувствуваат и не разбираат. Снимен е невообичаен момент кога млад лав се обидел да ја извади стрелката за успивање од телото на неговата придружничка. Лавицата била погодена со стрелка во резерватот Ол Пејета во Кенија од страна на стручни лица кои го набљудувале движењето на лавовите и забележале дека […]

Боди билдер кренал ПОЛОВИНА ТОН, но се онесвестил кога му пукнале крвните садови во главата од преголемиот притисок

Еди Хал станал првиот човек во светот кој од место успеал да крене 500kg – но веднаш потоа се онесвестил откако му пукнале крвните садови во главата. Снагаторот од Сток-он-Трент наречен „Ѕверот“ го извел овој неверојатен подвиг во арена во Лидс за време на викендот, но признал дека тоа за малку ќе го убиело. Хал […]

Правда на филипински начин: му ја завиткале главата со селотејп, а на градите му закачиле натпис „Jас сум дилер“. Претседателот дозволил да се убиваат дилерите на дрога

Откако филипинскиот претседател дал одобрение дилерите на дрога слободно да се убиваат, почнале да се појавуваат ужасни фотографии со убиени луѓе, при што главите им биле завиткани со селотејп, а на градите им бил ставан знак „јас сум дилер“. Сцените со убиства на наводни дилери биле снимени во Манила, и нивниот број расте. Главниот обвинител […]

Жената која ослабела од 272 на 157 килограми за само две години

Својата свадбена ноќ Вирџинија Вајс ја поминала во болница. На нејзиниот совршен ден му дошол крај и тоа било пресвртната точка кога таа сфатила дека е време за големи промени во нејзиниот живот. Г-ѓа Вајс тежела 272 килограми и иако таа не била хоспитализирана само поради својата тежина, тоа дополнително го влошило проблемот. „Секоја невеста […]

На сопругот на млада невеста не му дале виза, таа заминала сама на одмор, а ова се фотографиите што ги споделила на интернет

Млада жена од Пакистан споделила смешни фотографии од нејзиниот одмор на кој заминала без својот сопруг. Хума Мобин и нејзиниот нов сопруг Арсалаан Север Бат сакале да одат на меден месец во Грција, но човекот не можел да обезбеди виза. Првично младата жена не сакала да оди без нејзиниот маж, но бидејќи одморот веќе бил […]

Бугарка добила 1,5 милион евра и исчезнала без трага

39-годишната Лора, која долги години работела во Грција, добила 1,5 милион евра како наследство, по што исчезнала без траг. Од своето ново богатство жената успеала да подигне само 5000-6000 евра. Таа е разведена и има две деца. Шест години живеела во Грција, при што се запознала со стар професор кој го негувала. Професорот ја засакал […]

Дали ова е најтажната мечка на светот? Прекрасното животно е заробено во кинески трговски центар за купувачите да можат да си прават селфи со неа

Поларните мечки се едни од највеличествените предатори. Но, оваа поларна мечка е наречена најтажната мечка во светот откако била снимена заклучена во кафез во кинески трговски центар. Мечката може да се види како лежи во малечок кафез во Градндвју Аквариум, Гуангжу, Кина. Купувачите во центарот редовно ја вознемируваат мечката тропајќи ѝ на кафезот и снимајќи […]

„Мојот живот е готов, немам сила“: вдовицата на шпанскиот матадор кој е првиот загинат по 30 години раскажува за својата болка

Вдовицата на матадорот Виктор Барио им се заблагодарила на сите кои ѝ изразиле сочувство и поддршка, но споделила дека е премногу скршена да каже било што. 32-годишната Ракел Санз напишала на Твитер: „Благодарам на сите. Не можам да ви одговорам, немам зборови. Мојот живот исчезна, немам сила, но имам едно големо благодарам.“ Таа исто така […]

Добредојдовте пред портите на пеколот: смел фотограф снима ретки фотографии со езеро од лава која тече повеќе од 100 години

Овие ретки фотографии се поглед кон „Портите на пеколот“, едно од најстарите активни езера со лава во светот. Португалскиот фотограф Џоел Сантос управувал со дрон над огненото езеро кое достигнува температури преку 1100 степени Целзиусови. Езерото се наоѓа во Афар, Етиопија и постојано тече уште од 1906 година во 615 метри високиот вулкан Ерта Але. […]

„Донесете ми свинска крв!“ Манекенка од Тајланд „опседната од дух на човекојадец“ за време на интервју во живо

Манекенка и актерка од Тајланд шокирала илјадници кога била опседната од зол дух за време на телевизиско интервју. На снимката е прикажана Типаван „Пуи“ Чапхупугуанг за време на интервју, кога наеднаш вели често ја посетува зол дух човекојадец наречен „Поп“. Набргу потоа почнува да се превиткува на софата велејќи дека Поп пак ја опседнал. „Некој […]

15 слики „пред и потоа“ кои покажуваат како познатите градови се менувале со текот на времето

Во текот на последните 100 години светот се промени толку брзо што е просто тешко да се замисли колку нештата се промениле со текот на времето. Многу од познатите градови како Куала Лумпур или Хонг Конг личат многу малку на градовите коишто некогаш биле, а некои градови како Дубаи воопшто не ни постоеле до неодамна. […]

Ќе бидат како нови! Вратете го сјајот на вашите бели патики со овој многу едноставен трик

Белите патики се неизбежен дел од сечија гардероба поради својата универзалност при најразличните комбинации. Меѓутоа, сите кои имаат бели патики знаат дека се работи за меч со две острици. Имено, на белите патики треба многу да се внимава, бидејќи секоја интеракција со околината носи ризик за исчезнување на чисто белата боја. Една или две незабележливи […]

Бездомник им побарал на молерите нешто ситно, но еден од нив наместо тоа му понудил – работа

Бездомник го добил шокот на својот живот кога од едни молери побарал нешто ситно – а тие наместо тоа му понудиле работа. Ова се случило во Манчестер, Велика Британија, каде што двајца мажи варосувале ѕид. Бездомникот им побарал пари. Тие го прашале дали пиел тој ден, и откако тој им одговорил дека не пиел, тие […]

Преживеал во џунгла 41 година јадејќи стаорци, но сега повторно е дома

„Тарзан“ од вистинскиот живот кој живеел повеќе од 40 години во дивините на Виетнам конечно успеал да се врати дома. 44-годишниот Хо Ван Ланг и неговиот татко, 85-годишниот Хо Ван Тан минале 41 година во шумите на областа Тај Тра во Кванг Нгаи. По војната избегале од својот дом и се засолниле во шумата, минувајќи […]

Ќерката на Стенли Кубрик со став за „лажното слетување на месечината“

Вивиен, ќерката на Стенли Кубрик е револтирана од вмешувањето на нејзиниот татко во контроверзата за наводно фалсификување на филмски кадри од првото стапнување на месечината во 1969 година, и во отворено писмо на Твитер категорично ги укорува тие кои веруваат во тоа. Вивиен Кубрик, која исто така е режисер, таквите тврдења ги окарактеризира како „срамна […]

Сѐ уште можат да те видат! Борец на ИД се обидува да се скрие… ставајќи си трева на главата

Сѐ уште можат да те видат! Борец на ИД се обидува да се скрие… ставајќи си трева на главата

Борец на Исламска Држава се обидел да се скрие од ирачки хеликоптер така што си ставил трева на главата, како што покажува оваа видео снимка. Мислејќи си дека хеликоптерот си заминал, станува, ја зема својата пушка и зачекорува, сѐ уште држејќи го бусенот трева над главата, разгледувајќи дали хеликоптерот е некаде во близина. Навистина одлична […]

Следниот пат кога нема да ви се оди на забар, изгледајте го ова видео!

Современата стоматологија отсега ќе ја цените многу повеќе. Ужасно видео од Египет покажува како на еден човек забот му го вади неквалификуван пријател, и тоа со `рѓосани клешти. Несреќниот човек седи трпеливо додека „забарот“ му ги врти клештите во устата. Судејќи според неколкуте останати поцрнети заби во неговата уста, се чини дека оралната хигиена не […]

Дали ова е најдобрата девојка на светот? Жена го носи своето момче на грб, минувајќи поплавена улица, за тој да не си ги упропасти скапите чевли

Некои луѓе купуваат подароци или одатна романтични вечери со цел да им ја искажат нивната посветеност, но некои девојки буквално ги носат своите момчиња на грб. Се појавија чудни фотографии на кои се гледа како жена од Вухан, Кина, го носи своето момче на грб преку поплавената улица, за тој да не си ги упропастел […]

+