Овие ретки фотографии се поглед кон „Портите на пеколот“, едно од најстарите активни езера со лава во светот. Португалскиот фотограф Џоел Сантос управувал со дрон над огненото езеро кое достигнува температури преку 1100 степени Целзиусови. Езерото се наоѓа во Афар, Етиопија и постојано тече уште од 1906 година во 615 метри високиот вулкан Ерта Але. Последната голема ерупција се случила во септември 2005 година, при што убила стока од 250 глави и ги натерала во бегство луѓето од околината. Во 2007 година биле спроведени нови еваукации предизвикани од течење лава, по што двајца луѓе исчезнале. Најскорешната ерупција се случила во ноември 2008 година.

Сантос е свесен за ризиците кои ги носи снимањето на ваков феномен толку одблизу. „Ова беше едне од најопасните проекти кои сум работел, бидејќи се наоѓав на само 20 метри од лавата, еден метар од работ. Вистинскиот проблем со Ерта Але е тоа што кратерот постојано се менува како што лавата се движи, а особено кога ќе претече, така што конфигурацајата постојано се менува. Можеби си мислите дека тлото на кое стоите е цврсто, но тоа може да биде меко и да се најдете во лавата. Мора да бидете многу внимателни.

Морав да бидам блиску за да го управувам дронот, бидејќи топлотните бранови беа толку силни, што можеа да го стопат или урнат. Морав да бидам многу трпелив. Секои две или три минути ќе слушнете звук на притисок под вулканот и одеднаш – веќе можете да предвидите кога – ќе се отвори пукнатина. А потоа е како огномет – целиот вулкан почнува да исфрла лава во воздухот.“

Пустината Данакил каде што се наоѓа вулканот е официјално најжешкото место на земјата, што значи дека Сантос можел да снима само рано наутро или доцна навечер. И покрај предизвиците да снима на таква силна жештина, Сантос е горд што посетил такво место.

vl01 vl02 vl03 vl04 vl05 vl06 vl07 vl08 vl09 vl11 vl12 vl13 vl14 vl15 vl16

Сподели на Facebook
пати видено