Вдовицата на матадорот Виктор Барио им се заблагодарила на сите кои ѝ изразиле сочувство и поддршка, но споделила дека е премногу скршена да каже било што. 32-годишната Ракел Санз напишала на Твитер: „Благодарам на сите. Не можам да ви одговорам, немам зборови. Мојот живот исчезна, немам сила, но имам едно големо благодарам.“

vb01

Таа исто така искажала благодарност и на нејзиниот роден град Сепулведа во провинцијата Сеговија, северозападно од Мадрид, пишувајќи: „Благодарам Сепулведа. Наша Сепулведа“, а на својот покоен маж му напишала: „Сигурно таму каде што си сега имаш привилегиран поглед.“

vb02 vb03

Признавајќи дека тоа е тежок ден за неа, и нарекувајќи го животот „нефер“, таа постирала поема од шпанскиот поет Хозе Леон која завршува со овие зборови:

„Колку многу сакам да верувам дека има слава
за сите тие кои ги губат својот живот
на роговите на биковите.
Ако тоа не е така, тогаш почивај во мир
каде и да си, а ние поетите
ќе се погрижиме да станете бесмртни.“

vb04

Матадорот Виктор Барио загинал во борбата со бик тежок 552 килограми. Тој бил прободен во градниот кош, и срцето престанало да му работи пред да пристигне во болница. Веднаш бил подложен на реанимација и му била направена трахеотомија за да може да дише. Но, бикот го прободел Барио во белите дробови и му пробил аорта во градите, поради што низ целото тело му била распространета крв во која влегол воздух. Исто така му било оштетено и срцето.

vb05

Ужасниот настан бил прикажан во живо на телевизија и гледачите подоцна ја споделиле снимката на социјалните медиуми. Предупредуваме дека снимката може да ве вознимири!

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено