Поларните мечки се едни од највеличествените предатори. Но, оваа поларна мечка е наречена најтажната мечка во светот откако била снимена заклучена во кафез во кинески трговски центар. Мечката може да се види како лежи во малечок кафез во Градндвју Аквариум, Гуангжу, Кина.

mc

Купувачите во центарот редовно ја вознемируваат мечката тропајќи ѝ на кафезот и снимајќи селфи фотографии. Суровата импровизирана зоолошка е исто така живеалиште и на моруни, морж и волк. Поради несоодветните услови, покрената е петиција да се затвори Грандвју Аквариум, и досега се собрани 153 000 потписи.

„Тие можат да тврдат дека ова е со образовна цел, но јасно е дека основната мотивација е профитот“, велат активистите.

Сподели на Facebook
пати видено