Тригодишно девојче, кое е сѐ уште премладо да ги разбере женските работи, се расплакало откако следејќи ја својата сестра до бањата видела дека таа крвари, мислејќи дека тоа значи дека ќе умре.

dt01 dt02

16-годишната Миа Толентино од Алјаска ја снимила својата натажена сестричка Рејн која веднаш помислила на најлошото за својата постара сестра. Видеото е трогателно бидејќи ја покажува сестринската љубов.

„Зошто плачеш?“, прашува Миа на почетокот на видеото, а Рејн низ солзи одговара: „Бидејќи крвариш.“

Кога постарата сестра ја прашала што мисли дека ќе се случи, девојчето липајќи го признало својот најголем страв: „Ти умираш.“

dt03

По поставувањето на интернет, видеото било видено 82 000 пати и многу луѓе споделиле дека им се случиле слични нешта со нивните браќа и сестри.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено