Овој берберин бесплатно ги потстрижува децата ако му читаат

Уште малку ќе дојде време за враќање на училиште, и за многу ученици ширум светот, особено оние кои имаат проблеми со читањето, ова може да биде доста стресно. Токму тоа, како дел од програмата Назад на училиште во Комиски Парк, Ајова, локалниот берберин Кортни Холмс решил да стори нешто посебно. Таткото на две деца решил бесплатно да ги потстрижува децата кои ќе му читаат.

Отпадни дрвени трупци претворени во прекрасни дрвени скулптури од страна на Јае-Хјо Ли

Јужнокорејскиот уметник Џае-Хјо Ли фрлените парчиња дрво ги претвора во уметнички дела, кои во исто време се и елегантни, и функционални и веднаш го заробуваат вашето внимание.

Еве зошто треба да ја покриете вашата веб-камера ВЕДНАШ!

Вградената камера во вашиот компјутер лесно се зема здраво за готово и се заборава на неа доколку не ја употребувате често. Но само затоа што не го користите ова неверојатно парче технологија – како што една жена од Торонто имала прилика да се увери на нејзин шок – не значи дека воопшто не се користи.

Кога сите би го правеле ова, на планетава би имало храна за сите

ОН објавија друг извештај во кој споделуваат дека доколку исфрлањето на храната во светот би се намалило за само 25 отсто, би имало доволно храна да се нахранат сите гладни во светот.

Невообичаено пријателство помеѓу волк и мечка

„Многу е невообичаено да видите заедно мечка и волк“, вели 56-годишниот фински фотограф Ласи Раутиаинен, кој ги снимил овие изненадувачки фотографии. Сивата волчица и кафеавиот мечок биле забележани како минуваат неколку часа заедно секоја ноќ во текот на десет дена, при што дури споделувале и храна.

Како овие 12 животни навистина го гледаат светот?

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа светот виден со очите на вашето сакано милениче, или на величествениот орел и пеперутката високо од небото? Или на ползечката змија? Разликите во нивниот вид се огромни и многу често човечката способност за гледање е далеку послаба од некои животни.

Како лесно да излупите праски без да направите голем неред во кујната?

Лупењето на праски за да направите вкусна пита со праски, овошна салата или некој друг специјалитет не мора да биде тешко. Сѐ што ви треба се неколку брзи чекори.

Бројките зад бизнис бумот на Алибаба

Алибаба овие денови ги објави кварталните резултати од својот бизнис и покажа колку огромна станува оваа кинеска интернет компанија. Еве некои интересни резултати од извештајот. Во трите месеци завршувајќи со јуни, на платформите за е-купување на Алибаба биле потрошени 109 милијарди долари, што прави 34 отсто на годишно ниво. За споредба, на eBay се потрошени само 20 милијарди долари.

Човеков ја напуштил својата доходовна работа од 9 до 5 и заработил милион долари патувајќи низ светот

Џони Ворд потекнува сиромашно ирско семејство, имал проблеми со авторитетот и ја мразел помислата да работи секој ден од девет до пет. Се занимавал со разни работи, па дури и се пријавил за медицински експерименти, пред да се скраси на високо платено работно место во продажбата кадешто заработувал 20.000 долари месечно. Но, по неколку месеци Џони решил дека му е доста од тоа. „Сфатив дека со овој еден живот кој го имам, не сакам да го минувам времето од понеделник до петок затворен во место во кое не сакам да бидам“, напишал Ворд на Фејсбук.

После децении на шпекулации, мистеријата зад Езерото на костурите во Индија конечно е решена

На дното на плитко езеро во Хималаите лежат стотици древни човечки коски стари илјадници години. Отпрвин истражувачите шпекулирале дека езерото било место кадешто се случило масовно самоубиство, или пак се случило лизгање на земјиштето. Но требало да поминат децении по првото откривање на коските во 1942 за истражувачите да ги состават парчињата на сложувалката и и конечно да откријат што навистина се случило и како загинале тие луѓе.

Дали Шекспир бил „тревкар“? Според научниците, сосема веројатно…

Според јужноафрикански начници, во градината на Шекспир биле откопани лулиња кои содржеле канабис. Неодамнешното откритие сугерира дека можеби големиот писател некои од своите најпознати дела ги напишал додека бил доста „откачен“.

Девојка фотографирајќи ги бездомниците, го нашла својот отуѓен татко

Понекогаш во животот губиме допир со тие коишто некогаш играле важна улога во нашето минато. Сите врски не траат вечно, и таа вистина фотографот Дајана Ким ја прифатила одамна.

Самохрана мајка прави уметнички чуда со својот мобилен телефон

Јас сум самохрана мајка. Живеам во Мисисипи кадешто најдов страст за создавањето уметност со мојот iPhone, кога го открив Инстаграм во 2011 година. Социјалната мрежа беше нова и веднаш ја засакав. Отсекогаш сум била креативна личност, но таа своја страна навистина ја истражив кога почнав да си играм со апликациите на мојот iPhone. Моето целосно нурнување во сите тие нешта (ајфонографија, Инстаграм) ми станаа опсесија и сега, во 2015 година, ме следат над 400.000 луѓе.

Кина ќе гради соларен проект во пустината Гоби, на површина од 25 километри квадратни

Кина можеби е најнаселената и најзагадената земја во светот, но презема големи дејства да го намали негативното влијание врз околината и да создаде почиста и позелена иднина за себе. Според Меѓународната Енергетска Агенција, до 2035 година Кина ќе ги надмине ЕУ, САД и Јапонија во поглед на бројот на проекти за обновлива енергија. А Кина веќе го започна тоа со најпретставителниот проект за обновлива енергија на државата до сега.

Оваа недела астронаутите за прв пат ќе јадат храна којашто сами ја одгледале во Вселената

Оваа недела за прв пат во историјата астронаутите ќе конзумираат храна којашто сами ја одгледале во вселената. Почнувајќи од оваа недела, кипажот на „Експедиција 44“ ќе имаат можност да јадат свежо овошје и зеленчук додека се наоѓаат во вселената. Храната се произведува во плантажата „Веги“, орбитирачка лабораторија во вселената за производство на земјоделски култури.

Двата острови: Невообичаен ТЕСТ на личноста чиишто резултати ќе ве изненадат

Прочитајте ја приказната којашто следува и одговорете колку што е можно поспонтано и побрзо.

Тајното здружение на Масоните – вечна инспирација за теории на заговор

На почетокот, „слободните ѕидари“ започнале како братство на ѕидари-градители во четиринаесеттиот век во Европа. Поради тоа што организацијата секогаш била тајна, низ вековите луѓето ѝ припишувале најразлични злокобни и необјаснети инциденти.

Тајниот рецепт за помфрит на Мекдоналдс

Додека секој има различно мислење за останатиот дел на менито, едно нешто во што сите се согласуваме е дека компирчињата на Мекдоналдс се врв кога станува збор за совршено крцкави и вкусни компирчиња. Но, што е тоа што ги прави толку добри? Благодарение на Грант Имахара од МитБастерс, ќе научите нешто за процесот за правење на најдобар помфрит кој би можеле да го приготвите дома.

На оваа криумчарка на дрога морале да ѝ го отстранат хероинот од нејзината вагина по хируршки пат

На жена од Аризона, САД, ѝ била потребна „хируршка интервенција“ за да ѝ го извадат криумчарениот хероин од нејзината вагина, како што известуваат локалните медиуми.

Дваесеттина апсурдни цитати за животот во кои секој може да се препознае

Како што одминува времето, се чини дека животот станува сѐ поапсурден. Понекогаш сѐ што можете да сторите е да се насмеете на бизарните ситуации. Прочитајте ги овие мисли запишани на блогот Тамблер и споделете во коментарите дали се препознавате во некоја од нив.

Направил машина за хранење мачки со која неговата мачка ќе мора да лови за да се храни

Бен Милам изградил неверојатна машина која хранењето мачки го крева на сосема ново ниво. Тој ја истрнирал својата мачка Манки да бара пластични топчиња скриени низ куќата и да ги фрла во машината. Штом машината ќе ги препознае РФИД означените топчиња, се активира и топчето се полни со мачешка храна.

Царството на малите луѓе е најчудниот забавен парк во Кина

Царството на малите луѓе не е некое место инспирирано од Дизни и посветено на Снежана и седумте џуџиња. Тоа е вистиснки забавен парк наполнет со мали луѓе кои изведуваат песни и танци за гостите.

Еве како ќе изгледаат супермаркетите ако исчезнат пчелите

Дали некогаш сте се запрашале како би изгледала вечерата ако пчелите – едно од најголемите чуда на природата и најполезните инсекти – изумрат како последица на неодговорните и нездрави навики на човештвото?

Кенгурчето кое останало сираче само сака да си го гушка своето плишано мече

И на животните им се потребни пријатели, па ни ова мало кенгурче не е исклучок.

Романски камионџија најпосле сфатил дека вози на погрешната страна на британскиот автопат М6

Романски возач на камион беше снимен како вози во погрешна насока на британски автопат – оред да направи U свртување за да ја поправи грешката. 34-годишниот Никусор Паун дури си го сменил седиштето со неговиот сопатник Василе Радоеску на патарината близу Шенстон, Стафордшир.

Докторите ѝ кажале на една манекенка да го абортира своето дете откако изгубила 95% од нејзинага вилица како последица на рак. Еве што направила таа

Бременоста честопати е тешка, но бременоста комбинирана со рак е поразувачка. Елизавета Булокова, манекенка од Канада со летонско потекло, се соочила со оваа ситуација минатата година, кога имала 24 години. Додека заедно со нејзиниот сопруг Роман Трубецкој била на одмор во Амстердам, тоа што Булокова мислела дека е забоболка се испоставило дека е рак. Докторите ѝ кажале дека ќе мора да абортира пред да биде подложена на хемотерапија.

Откако ќе го прочитате ова, веќе нема да гледате на бананите на ист начин

Бананите ги содржат трите природни шеќери – сукроза, фруктоза и глукоза комбинирани со растителни влакна. Бананата дава брзо и трајно зголемување на енергијата. Истражувањата докажале дека само две банани се доволни да ве снабдат со енергија за напорно 90-минутно вежбање. Не е за чудење што бананата е овошјето број еден за врвните светски атлетичари.

9 луѓе за кои не сте слушнале а кои целосно го промениле светот

Овие луѓе извршиле големо влијание врз светските настани, а сепак нивните имиња ретко се спомнуваат во историските книги.

Нема наполнето ниту 2 години, а веќе поминал 283 километри во планинарење

Родителите првпат го повеле Боди на планинарење кога бил стар само пет дена. Подоцна, Боди, неговата 27-годишна мајка Шенон, која била бремена со второто дете, и таткото Блејк, прппатувале повеќе од 483 киломтри по планинарските патеки во планините на Калифорнија.

Човек за време на прошетка открил нешто ужасно

Додека се шетал со пријател во едно од предградијата на Париз, Педро Динис открил нешто ужасувачко. На негово запрепастување, нашол куче кое било закопано живо без никаква надеж да се ослободи самото. Кучето било целосно заглавено и немало да издржи уште многу долго така, ако Динис не се нашол да му помогне. Како е можно некој да биде толку суров кон некое животно?

+