Дали некогаш сте се запрашале како би изгледала вечерата ако пчелите – едно од најголемите чуда на природата и најполезните инсекти – изумрат како последица на неодговорните и нездрави навики на човештвото?

За да поттикне повеќе луѓе сериозно да се загрижат за овој проблем, како и да се вклучат во создавањето на подобра иднина, компанијата за органска храна Хол Фудс во содејство со здружението Ксеркес јавно го постави ова прашање.

Еве како би излгедале супермакретите и пазарите во светот доколку се дозволи пчелите да изумрат:

WholeFoods1

За да се истакне важноста на пчелите, универзитетот Хајт на Роуд Ајленд ги отстранил сите прехранбени производи кои се добиваат со помош на пчелите, со што беа повлечени 52 отсто од производите.

Пчелите опрашуваат голем број на растенија кои завршуваат на нашата маса како храна. Па така, ако тие исчезнат, сосема е сигурно дека светското мени драматично ќе се измени. Без пчелите, следниве видови храна повеќе нема да ни бидат достапни: јаболка, кромид, авокадо, моркови, манго, лимони, дињи, тиквички, краставици, целер, карфиол, праз, кељ, брокули итн.

WholeFoods2

За целта на овој проект од полиците биле тргнати само овошјето и зеленчукот кои зависат од пчелите, но всушност ефектот на нивното евентуално исчезнување ќе биде многу поголем доколку се вклучат и медот и медните производи. Хол Фудс создаде повеќе видеа за да се подигне свеста за овој проблем.

Сподели на Facebook
пати видено