Романски возач на камион беше снимен како вози во погрешна насока на британски автопат – оред да направи U свртување за да ја поправи грешката. 34-годишниот Никусор Паун дури си го сменил седиштето со неговиот сопатник Василе Радоеску на патарината близу Шенстон, Стафордшир.

2B26850400000578-3187221-image-a-5_1438881677145

Снимките од камерите прикажуваат како бел камион вози во спротивната насока и свртува за малку избегнувајќи судар. Била повикана полиција за да се справи со возачот кој го загрозува сообраќајот, и романските возачи биле запрени во близина на клучката Т4 и уапсени. И двајцата биле осудени за опасно возење, и им била изречена условна казна затвор во траење од 18 месеци. На Паун му била изречена забрана да вози во траење од две години и му било наредено да ги плати судските трошоци во износ од 180 фунти. Радоеску бил казнет со дванаесетмесечна забрана за возење како и казна од 900 фунти. Покрај тоа, двајцата ќе мораат да полагаат тестови пред да им биде дозволено да се вратат на патиштата.

 

Сподели на Facebook
пати видено