Според јужноафрикански начници, во градината на Шекспир биле откопани лулиња кои содржеле канабис. Неодамнешното откритие сугерира дека можеби големиот писател некои од своите најпознати дела ги напишал додека бил доста „откачен“.

Остатоците од глинените лулиња од седумнаесеттиот век најдени во градината на Шекспир, како и на други места во Стратфорд-апон-Авон, биле анализирани во Преторија употребувајќи современа техника наречена гасна хроматографна масовна спектометрија.

shakespeare-67698_1280

Како што известува Хафингтон Пост, од дваесет и четирите фрагменти позајмени од универзитетот на Витватерсранд, во осум примероци имало остатоци од канабис, од коишто четири потекнувале од градината на Шекспир.

Оваа вест навистина и не би требало да биде некое големо изненадување, со оглед на тоа што некои негови сонети сугерираат дека ефектите на халуциногените дроги му биле добро познати.

На пример, во Сонетот 76, Шекспир пишува за „наоѓањето на извесна трева“, што би можело да се протолкува дека Шекспир сакал да користи „трева“, т.е. марихуана, додека да добие инспирација од „небото“. Понатаму, во истиот сонет се чини дека познатиот автор не сака да има „ништо со чудните соединенија“ – дали можеби се работи за некакви синтетички дроги, како што е денешниот кокаин?

Џемс Шапиро, професор на Колумбискиот универзитет кој напишал бројни книгиза животот на Шекспир не е толку убеден дека тој бил „тревкар“. За Хафингтон Пост тој го изјавил следното:

Не знаеме што правел и не правел Шекспир. Само поради тоа што овие лулиња биле најдени во неговиот двор, не значи дека некое дете од соседството не ги фрлило таму преку оградата. Има милион можни објаснувања.“

Професорот додава дека не постои доказ дека луѓето во времето на Шекспир дури и го употребувале зборот „трева“ за марихуана. Но, кога ќе ја погледнете марихуаната, таа сепак малку личи на трева, зар не?

dt_140401_marijuana_plant_800x600

Сподели на Facebook
пати видено