Во голмите градови низ европските земји не е невообичаено да се гледаат 3Д пешачки премини по кои пешаците безгрижно се движат. Битола се приклучи на овој тренд и сега битолчани ќе можат да уживаат во истата „привилегија“.

Првиот 3Д пешачки премин го изведува тимот на „Hybrid Minds Crew“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ на булеварот „1 Мај“.

Целта на овие пешачки премини е да им се привлече вниманието на пешаците каде да ја преминат улицата и секако преку оптичката илузија возачите да ја намалат брзината на возилата.

Станува збор за пилот прокет, чиј иницијатор е подмладокот на „Ротари клубот Битола“, чија цел е безбедноста во сообраќајот.

Откако ќе ги добијат саканите рекации од пешаците и возачите тие планираат да продолжат со поставување на вакви пешачки премини и на други места, а се надеваме дека оваа идеја ќе се прошири и низ цела Македонија.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено