8-годишниот Ванг Фуман (клик тука) кој пред само неколку дена го растажи целиот свет со неговата приказна доби над 275.000 од донации. Момчето го привлече вниманието на јавноста откако се појави фотографија на интернет каде што неговата коса е замрзната, затоа што пешачел еден час, дносно 4,5 километри до училиштето на температура од минус девет. На социјалните мрежи Ванг добил прекар „Замрзнатото момче“.

Фондацијата за развој на млади во Јунан соопшти дека добила донации испратени за Фуман и неговото лошо опремено училиште. Државната фондација објави дека ќе управува со средствата во име на нив, заедно со локалната Фондација за развој на младите на Заотонг. Во изјавата денеска, фондацијата потврди дека донациите изнесувале 2.159.100,58 јуани, бидејќи ја повикале јавноста да му помогне на Фуман и неговите соученици на 9-ти јануари.

Секој ученик во училиштето „Чуансанбао“, каде што учи Фуман поединечно ќе добие поединечно ќе добијат 500 јуани (57 долари). Од добротворната организација велат дека во наредните денови ќе откријат како ќе ги искористат останатите средства.

Некои луѓе изразија силно противење на фактот дека добротворните организации управуваат со парите во име на Фуман. Критичарите се загрижени дека луѓето донирале пари за Фуман, но средствата би се користеле за да им помогнат на другите деца – или уште полошо да завршат во рацете на корумпираните службеници.

Како одговор на тоа, еден член на персоналот од Фондацијата за развој на младите на Заотонг изјавил дека не сите донации биле испратени за Фуман и дека хуманитарната кампања имала за цел да им помогне на децата како Фуман, генерално. Приказната за Ванг Фуман можете да ја прочитате тука.

Сподели на Facebook
пати видено