Судбината на едно мало момче од Кина го привлече вниманието на милиони луѓе откако фотографија од неговата замрзната коса почнала да се шири на интернет. Детето, од рурална Кина, само што поминало повеќе од еден час пешачење, 4,5 километри до училиштето во студено зимско утро. Момчето немало зимска облека на себе и се борело со температура од минус девет, за да решава тест во еден мал град во Шаотонг, провинцијата Јунан во јужна Кина.

За момчето се вели дека е ученик во трето одделение во основното училиште „Чуансанбао“. Тој доаѓа од сиромашно семејство. Неговиот татко е работник-мигрант во друг град, а неговата мајка го напуштила него и неговиот татко. Момчето се вика Ванг Фуман и има осум години, живее во куќа изградена од кал, во Лудиан со неговата баба и неговата постара сестра.

Директорот на училиштето, Фу, изјавил дека домот на детето е далеку од училиштето и тој поминува повеќе од еден час во пешачење секој ден. Неговата училница нема греење. Директорот Фу вели дека завршните испити на училиштето започнале вчера, но температурата паднала на минус девет степени одеднаш во утринските часови. Како резултат на тоа, косата и веѓите на момчето биле целосно покриени со мраз кога пристигнало.

Очигледно кога 16-те соученици на момчето го здогледале, почнала смеа за неговиот смешен изглед. Но, на момчето не му пречело па дури и правело смешни „фаци“ за неговите другарчиња. Според директорот момчето е одличен ученик и има посебен талент за математика.

На фотографија е прикажано како момчето ги става распуканите раце врз тестот, на кој освоил 99 поени. Ванг изјавил за еден локален весник дека смрзнатините ги добил додека и помагал на бабата да работи на фармата. Исто така тој не го видел неговиот татко со месеци и рекол дека многу му недостига.

Сподели на Facebook
пати видено