Здраво јас сум Никола Герасимовски имам 34 години и сум лингвист по професија. Мојот живот јас го посветив на откривање на потеклото на многу зборој во македонскиот јазик.

Денес сакам да ви го презентирам зборо “Просјак”.

Ние многу години живеевме во заблуда дека просјак е оној кој проси. То е дефинитивно погрешна дефиниција.

Зборо или поимо Просјак доаѓа од спојување на двата збора прост- придавка шо значи чоек кој не е образован, лекомислен, глуп, наивен, со ограничени умствени способности и најчесто изгледа “ко да не е одавде” . И зборо јак- претставува придавка,означува моќ, издржливост, тешко совладлив, енергичност. Во кратки црти (прост+јак-т=Просјак).

Овој збор се појавува на територијата на Битола во раните 90-ти и опстојува се до денес, а најверојатно ќе го има се повеќе.

За појавата на овој збор најголем придонес имаат доселениците кои идат во Битола многу јаки со пари, кои за поквалитетен живот во подобра средина ги продават масовно имотите на село, овците, кравите и козите и со парите купват убај куќи и се населуват “На град”. Бидејќи почнаја многу Битолчани да се иселват од градо, поради огромната сиромаштија во транзицијата и аферата ТАТ, зборо Просјак или во множина Просјаци почна се повеќе да се користи, оти полека полека станаја мнозинство, а нивните навики и обичаи, од шо се јаки со пари не само шо станаја реални во Битола, туку за жал се и нормални во културно, социјлно-општественио живот, а Светлето и Сузето вршат со овие, па дури се главни “старлети” . Најчесто ко ќе се во група меѓу себе си довикнуват со “Брачет” или “Брачка”, “Шеф, Шефче, Шефе и Шефка”, а многу често свират ко да се на стадион и викат толку гласно шо и да неќиш да ги слушниш ќе ги слушниш. Лошо ја комбинират скапата облека, а исто така купват скапи коли, најчесто BMW, Golf 1,2,3,4,5 и ги “квичат гумите” на Партизанска, Васко Карангелевски и по Булеваро. Обавезно ги редат со спојлери, трајболи, змејој и огној… Страшна глетка.

Другари сега морам да одам, а во иднина ќе разработам уште еден клучен збор за Битолчани!!!

Автор: Виктор А.К.А. Башлак

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено