Покрај Томе Темелкоски (Mr.T) – гитара, монтажа и продукција, и Наташа – вокал, во овој проект учествуваат и Христијан Конески – видео, Саша Нацевски – режија, Филип Јездиќ – тапани, Бобан Петрески – бас гитара, Оливер Илиески – клавијатури, Лора Штаргоска – актерка (voodoo child), Јордан Чавлески CLS Light & Sound – светло и опрема, Александра Кочоска – шминка.

– Каверот го спремавме неколку месеци и би сакала да изразам огромна благодарност до сите што учествуваа во проектот на било каков начин. Работиме со тоа што имаме, пред сѐ огромна желба и љубов кон музиката. Се надевам дека наскоро ќе имаме можност да издадеме нешто наше, авторско, но за реализација се потребни многу средства и спонзорства. За тоа, потоа. Се надевам дека ви се допаѓа тоа што го правиме и ќе продолжите да бидете наши верни поддржувачи. – истакна Наташа Седлоска.“

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено