Адријана Колесар полицајката од Дрезден, која ја доби тиулата „најубава во Германија“ добила ултиматум од своите надредени и мора да се одлучи дали ќе продолжи да биде Инстаграм ѕвезда или ќе се посвети на нејзината професија како полициски службеник.

34-годишната полицајка ја стекнала својата слава пред 2 години и сега има 557.000 следбеници на Инстаграм.

Претходно оваа година добила шестмесечно неплатено отсуство од локалните сили, за да се врати на служба како полицаец на 1 јануари 2019 година. Во текот на изминатите шест месеци таа ги почести нејзините следбеници со фотографии од себеси од целиот свет, додека таа го поминува своето време на возбудливи дестинации и ја следи кариерата на социјалните медиуми.

По состанокот со нејзините претпоставени оваа недела, ѝ било кажано дека мора да се врати на работа со полно работно време во јануари или да даде отказ. Саксонија има потреба од полициски службеници и во моментов бара да пополни 1000 позиции во силите, според германските медиуми.

Адријана вели дека би сакала да ги работи и двете, но дека не можеме да добиеме сѐ што сакаме во животот. Таа има рок до понеделник да одлучи дали сака кариера како полицаец или како фитнес модел на социјалните мрежи.

Сподели на Facebook
пати видено