Дефинитивно еден од најквалитетните вокали во Македонија. Девојката се вика Зарина Првасевда, а пораката што сака да ја испрати со песната е следнава:

„По повод веста за најмалку 600 хектари запалена, исечена или оштетена шума на Шар Планина а дополнително колку многу штета нанесена на природата со пожарите што дивееја насекаде низ државава, со загадувања заради човечки фактори т.е расфрлани отпадоци ( хартија, пластика, отпушоци и сл.) ВИ СЕ ОБРАЌАМ СО АПЕЛ на јазикот кој налесно го говорам, песната, а пак со видеово како нагледно средство за да видите што уништувате, па можеби и ќе ви се нажали …
Другари, и требаме на Шара, Галичица и Баба ..и требаме на природата а и таа нам! Ајде да се обидиме сите, секој тргнувајќи од себе особено кога никој не не гледа свесно да ракуваме со неа, подадете ми рака и отворете срце заеднички и со многу љубов да го зачуваме и гаиме најубавото и најдрагоценото што бесплатно го добиваме во ова мало парченце земја! А во меѓувреме, појачајте тон, насмевнете се и размислувајте на која тура ќе ни се приклучите за заедничка радост, насмевки и песна.“

За повеќе прекрасни македонски песни, посетете ја нејзината фејсбук страница.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено