Иако добрососедските односи помеѓу Грција и Македонија се главна тема во изминатиот период во политиката, очигледно е дека сме далеку од какво било решение. Наместо тоа македонските туристи се соочуваат со уште поголеми проблеми. Македонката, Тамара, била „жртва“ на еден ваков „добрососедски“ кога од неа, од личноста која раководи со вилата во која го платила сместувањето преку „Booking“, побарала од неа да признае дека „Македонија е грчка“, инаку ќе го откажат сместувањето.

„Јас го резервирав мојот одмор, но не го очекував ова! Парите кои ги платив не се враќаат. Македонците не се добредојдени кај овој грчки домаќин. Booking се надевам дека ќе можете да ги заштитите сите ваши клиенти и да ги одмрзнете моите пари. Јас однапред платив за услугата и ги прифатив сите ваши политики, но не ги очекував овие ‘околности’“, напишала младата Тамара до Букинг со надеж дека ќе може да се среди ситуацијата.

Откако ја направила резервацијата ѝ стигнала ваква порака од сопственикот на вилата:

„Катина хаус: Македонија е една единствена и таа е грчка! 4000 илјади години на македонска историја и гордост! Грк можеш само да се родиш, а не да станеш преку закони и документи.

Ви благодариме за вашата резервација и вашиот избор.

За да биде потврдена резервацијата, најнапред треба да прифатите дека Скопје е словенска држава и нема никаква врска со античката грчка историја.

Во спротивно, откажете ја резервацијата и имајте убав ден“.

За среќа од Букинг имале разбирање за оваа ситуација и ѝ ги рефундирале средствата на Тамара. Но, тогаш девојката добила уште една навредлива порката од истиот сопственик на вилата во која во насловот стоело: „Драг неисториски скопски словенски мозоку“. Еве ја и втората порака:

Тој дрско тврди дека е среќен што го пријавила на Букинг затоа што треба да знаат дека има луѓе „со гордост“ и дека сакал да и пише на грчки, но дека таа не е „доволно Македонка“ за да го разбере тоа. Исто така напишал дека луѓето таму се 1000% Грци и дека не прифаќаат луѓе кои ја „навредуваат нивната историја и предци“.

Гркот сакал да ја „потсети“ Тамара дека Македонија не постоела пред 50 години и дека нашите баби и дедовци не знаат што е тоа Македонија и дека во Македонија живеат само луѓе од Србија, Бугарија, Албанија и Романија.

Не се знае дали од Букинг планираат да преземат одредени мерки и да ја отстранат оваа опција за сместување од нивната страна, поради несоодветно однесување.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено