Прославата за Нова година помина пред неколку дена но, не и импресиите од најлудата ноќ во годината. Балканот има своја верзија од новогодишната прослава, затоа што ние балканците „најлудата“ го сфаќаме премногу буквално. Македонците сакаат богато да ја завршат старата година, за на истиот начин да продолжат и во новата. Почнувајќи од големи софри, до многу алкохол и „незгодни“ ситуации. Ајде да видиме што е „стартер пек“ за новогодишната прослава во Македонија.

Без, разлика дали Македонците слават дома, во кафана или на планина задолжителен елемент, подеднакво важен како и новогодишната елка е РУСКА САЛАТА.

Уште едно јадење кое не смее да го нема на трпезата е САРМА. Сармата се мота на многу начини, а се јаде во рок од 5 минути (особено ако ја приготвила бабата).

Главната цел на новогодишната ноќ е „пијанчењето“. Доколку Македонецот не се направи мотика пијан за Нова година, тогаш исто како да не славел. Затоа важи правилото дека без алкохол нема Нова година. Нормално тука РАКИЈАТА е на престолот.

Во 00:00 во секое место во Македонија се содава воена зона, затоа што ние пукањето на ПЕТАРДИ го сметаме за уметност и звукот е музика за нашите уши.

Откако Македонецот ќе се опреми со секаков вид на пиротехника(купена на тезга), доколку во близина се најде некој странец би помислил дека се спрема за терористички напад.

Откако сите добро ќе се најдат, напијат и ќе дигнат во воздух цело маало, почнува вториот дел од вечерта проследен со многу емоции играње, пеење, гушкање на непознати и изразување љубов. Исто така новогодишната ноќ се смета за „вечер на хардкор турбофолк“.

По веселбата, сите се враќаат во своите домови (откако ќе излезат од под масата) и спремни се за мал одмор, затоа што кај нас секогаш се слави и втора вечер, која се одвива според истиот принцип.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено