И после 12 години, продолжуваме со мисијата да ве насмееме и да ви го разубавиме секој ден од животот.

Како и во годините кои поминаа, Мотика постојано се усовршуваше и прилагодуваше на светските текови. Така спонтано, дојде време и за посовремена форма на постоење на вашето омилено место на забава. Чест ни е да ви ја претставиме и ве охрабруваме да си ја инсталирате, новата Андроид апликација на Мотика (зафаќа само 1 МБ).

Апликацијата е многу побрза од веб верзијата на сајтот, а особено задоволство ни претставува тоа што го обновивме делот Игри, кој своевремено беше многу популарен на Мотика. Од сега па натаму нема да имате потреба да си го полните телефонот со игри, затоа што преку Андоид апликацијата на Мотика, ќе можете да ги играте без инсталирање.

  

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено