Најзборуваните јазици во светот сликовито претставени со еден единствен инфографик

Овој фасцинантен инфографик елегантно ги прикажува најзборуваните јазици во светот и земјите во кои истите се зборуваат. Кругот претставува 4.1 милијарди луќе во светот кои зборуваат еден од најзборуваните 23 јазици во светот како нивен мајчин јазик.

Како тинејџерката која ја малтретирале на училиште стана кралица на матурата?

Осумнаесетгодишната Кјема Мекентајер си го дизајнирала матурскиот фустан кој може да се опише секако, но не како типичен. Жителката на Њу Џерси, вдахновена од нејзиното афиканско културно наследство побарала од локална шивачка рачно да ѝ сошие фустан според нејзин дизајн.

Чудни, никогаш порано видени морски суштества, се откриени на 6000 метри под морската површина

„Неверојатно е што сѐ уште не сме биле таму, истражувајќи ги овие навистина големи длабочини“, изјавила Андреа Катрини, ко-водач на експедицијата. Деведесет и пет отсто од океанот е сѐ уште неистражен.

Некои од најголемите богатства во човечката историја биле најдени на среќа

Археологијата е наука за која е потребно многу време, проучувања, истражувања, ископувања – процеси кои траат со децении. Но, низ историјата извесен број на археолошки богатства биле најдени сосема случајно, на среќа, и тоа често надвор од академската и научна заедница. Еве поглед кон најголемите археолошки пронајдоци кои биле најдени сосема случајно.

Најновиот подводен „стрит вју“ на Гугл открива неверојатни потонати богатства

Гугл својот познат уличен поглед го носи на сосема поинакво ниво – на место на кое нема никакви улиици ни патишта – под морето! Како дел од поширока иницијатиа да се мапираат светските океани, Гугл Мапс во содејствие со подводни истражувачи и нови системи за снимање ќе овозможи на гледачите да ги разгледуваат чудата на морските длабочини без да си ги натопат ни стапалата. Но не сите од овие чуда се дело на природата. Помеѓу неверојатните морски суштества и прекрасните подводни пејзажи, посетителите на новата атракција на Гугл ги чекаат неколку изненадувања направени од човечка рака.

Кога интернет шегите ќе отидат предалеку: Пријателите го наместија да помисли дека УБИЛ постар човек

Кога интернет шегите ќе отидат предалеку: Пријателите го наместија да помисли дека УБИЛ постар човек

Неколку австралиски бељаџии го снимиле мигот кога шегата на нивниот пријател облечен во зајачки костим тргнува на лошо и предизвикува срцев удар кај постар човек, по што овој умира.

Многу силни фотографии со мајки доилки кои покажуваат дека доењето во јавност е сосема во ред

„Ги доев каде и да посакав. Во цркви, на забава, во маркет па се до скапи дизајнерски продавници. Верувам дека мајките треба да можат да ги дојат своите малечки каде и да посакаат“, вели Ивенс. Таа исто така е поддржувач на продолженото доење. „Децата знаат кога е време да се одбијат од мајчиното млеко. Нивните мајки исто така знаат. Туѓинците не знаат, и затоа тоа не треба да биде нивна работа.“

Современ номад своето комбе го претвори во куќичка од соништата

Дипа Васудева Дас сакал животен стил кој ќе му овозможи да се движи низ светот по своја волја, и за тоа изнашол интересно решение.

Ја напуштил својата канцелариска работа да прави нешто што ќе ве инспирира да го зграпчите животот

Ја напуштил својата канцелариска работа да прави нешто што ќе ве инспирира да го зграпчите животот

Колку пати до сега сте си помислиле да ја напуштите својата работа и да почнете да го работите тоа што од секогаш сте го сакале? Секако дека сте помислиле. Но, треба се плаќаат сметки, треба да се купува храна, да се растат деца и така никогаш не го правите тоа.
Но, и така никој не ја напушта својата добро платена работа, колку и да ја мрази, нели така? Нели…?

99-годишна жена дипломира на факултет заедно со своите внуци

Со возраст од 99 години, Дорита Даниелс поминала низ многу нешта во текот на нејзиниот живот – Големата депресија, двете светски војни и движењата за граѓански права, таа поминала низ сето тоа.
Но едно од нејзините најголеми достигнувања се случи сега, кога дипломираше на Факултетот на Кањоните после пет години макотрпна работа.

Изгубил облог со неговата братучетка. Победникот може да прави сѐ што сака со косата на губитникот!

„На почетокот на училишната година јас и мојата братучетка се обложивме во правење склекови. Таа победи, но за среќа е уметничка душа и ми направи доста кул фризура“, вели тој.

13 причини зошто би требало да имате повеќе секс, како што тврди науката

Сексот е супер работа, дури и науката се согласува со тоа. Ако ви треба добра телесна вежба или сакате да изгледате помлади, не барајте премногу, бидејќи решението е многу едноставно.

30 политички и философски размисли од Ноам Чомски

„Насекаде, од популарната култура до пропагандниот систем, има постојан притисок да се прави луѓето да се чувствуваат беспомошни, дека единствената улога која можат да ја имаат е да одобруваат решенија и да конзумираат.“
„Сите се грижат за запирањето на тероризмот. Епа, има еден навистина лесен начин за тоа: Престанете да учествувате во него!“

Акциона филмска ѕвезда си мисли дека глуми во иден блокбастер… и тогаш се случува ОВА!

Акциона филмска ѕвезда си мисли дека глуми во иден блокбастер… и тогаш се случува ОВА!

Пријателите и рекле дека ќе биде актерка и и приредиле дури и снимање во холивуски стил, за да не и текне што всушност и заговараат…

Оваа пловечка соларна фарма може да произведе 8 тони зеленчук годишно

Како ќе се прехрани светското население од 9 милијарди? За компанијата „Архитектура со напредно размислување“ од Барселона, решението е во тоа да се напушти претставата дека храната може да се произведува само на копно. Според Обединетите Нации, во 2050 година бројот на светското население ќе достигне до 9.1 милијарди, што ќе изискува 70 проценти повеќе […]

Ќерката на ловецот на крокодили Стив Ирвин порасна и го продолжува делото на татко си

Стив Ирвин – ловецот на крокодили загина пред осум години, но неговата ќерка Бинди Ирвин го продолжува неговото дело на зачувување на животните. ОВаа 16-годишна американска државјанка е во последна година на училиште и учи бизнис и туризам, по што планира да се вработи во австралиска зоолошка градина. Инстаграмот на Ирвин има над 220.000 следбеници и судејќи според поставените слики, сосема е јасно дека нејзиниот татко има големо влијание во нејзиниот живот.

Природата голта напуштено рибарско село во Кина

Шенгси, архипелаг од речиси 400 острови во устието на кинеската река Јангце, крие тајна завиткана во времето – напуштено рибарско село кое природата си го враќа назад во своите прегратки. Овие фотографии од Танг Јухонг, креативен фотограф од Нанинг, нѐ пренесуваат во ова изгубено село на островот Гочуи.

На повеќето луѓе им е потребно да погледнат два пати за да го забележат најневидливиот човек во Кина. А вие?

Комбинирајќи го сликарството со фотографијата, овој уметник од Кина се прочу како „Човекот камелеон“ бидејќи едвај се забележува во овие неверојатни слики кои ги прави.

Невообичаени гнезда изградени на најчудни места

Овие впечатливи гнезда ни покажуваат како птиците можат да се прилагодат на својата околина. Иако не сите птици се гнездат, сите тие бараат безбедно место за да ги снесат нивните јајца. До неодамна се веруваше дека правењето гнезда им е вродена вештина, но неодамнешни истражувања посочуваат кон тоа дека птиците можат да учат и да ги подобруваат овие вештини.

Експресивни животински портрети ги откриваат нивните силни „човечки“ чувства

Многумина од нас на животните гледаат како на суштества еднакви на луѓето, па така сосема природно е и тоа што и некои фотографи ги гледаат на тој начин. Винеснт Лагранж, фотограф од Антверп, Белгија, ја снимил човеката страна на животните, изработувајќи сериозни и достоинствени портрети во пози вообичаени за луѓето. Неговата фото серија е наречена „Човечко животно.“

Еве зошто комарците се пробирливи за тоа кого касаат а кого оставаат на мир

Ако не можете да си уживате надвор без да ве напаѓаат комарци, не сте сами. Барем дваесет отсто од луѓето се попривлечни за досадните инсекти од најразлични причини, почнувајќи од бременост па сѐ до внесување на алкохол. Зошто јас? Се наоѓате на излет и комарците не можат да ви се изнапијат од вашата слатка, врела […]

Во овие општества жените ја наследуваат земјата, ги предводат семејствата и општо земено управуваат со сѐ

Бијонси еднаш ни кажа дека девојките управуваат со светот, но во повеќето земји половите разлики најчесто се во полза на мажите. Но, тоа не е така во десет култури кадешто жените се доминантниот пол одговорен за наследство на земјата и раководење со семејствата.

Оваа неверојатна подземна тајна е мистериозна колку што е прекрасна

Во 1835 гоина, работник од Кент, Англија, си ја рабоел својата редовна полска работа. Но, при еден удар со лопатата, таа едноставно исчезнала под земја. Очигледно, стоел над нешто шупливо, но од површината не можел да види ништо.

Кога пишуваат со рака, децата учат побрзо и помнат подобро

The New York Times неодамна објави резултати на истражувања кои упатуваат на нови докази дека врската помеѓу пишувањето со рака и севкупниот развој на образованието е многу длабока. Во САД учителите ги учат децата да пишуваат со рака само во предучилишната група во јасли и во прво одделение, а потоа преминуваат на тастатура.

Оваа романтична традиција во Париз се одвива со години, но градот ја уништува

Љубовниците од целиот свет патуваат во Париз за да се сретнат на мостот Пон дез Ар, за да ја овековечат нивната љубов со овие љубовни катанци. Париз е полн со историја и романса. Градските згради и структури го издржале тестот на времето и воените конфликти, а пократ тоа, главниот град на Франција е прославен како […]

Интерактивната улична уметност ги напаѓа италијанските улици

Каифа Козимо, уличен уметник од Италија, создава интелегентни ѕидни слики кои на интересен начин се вклопуваат и надополнуваат со нивната околина, изгледајќи како дека ќе скокнат од ѕидовите и ќе го нападнат нашиот свет.

Пред да се појават дроновите и GoPro камерите, имало гулаби со камери

Многу одамна пред појавата на GoPro камерите и пред приватните дронови да станат новите омилени играчки – еден Германец со претприемнички дух имал визија за иднината – но со гулаби.

9-годишно девојче гради засолништа за бездомници, а одгледува и храна за нив

Иако Хејли Форт има само девет години, за бездомниците и за луѓето во нужда таа сторила повеќе од многумина од нас. Малото девојче своето слободно време го минува градејќи засолништа за бездомниците, па дури и одгледува храна за нив и ги снабдува со средства за хигиена.

Дваесеттина брилијантни идеи за тоа како да најдете нова употреба за старите автомобилски гуми

Размислете два пати кога следниот пат ќе ви дојдат при рака стари гуми за фрлање. Само сепак внимавајте. Гумите со текот на времето ослободуваат отровни хемикалии, па така во нивна близина или во нив не одгледувајте растенија наменети за исхрана.

Можете ли да ги понесете сите овие нешта со вас додека патувате? Одговорот може да ве изненади

Дали понекогаш сте посакале да патувате со мислата дека вашиот кревет секогаш ќе ви биде удобен и нема да имате проблем да заспиете поради промена на леглото, бидејќи ќе си легнете на – вашиот кревет? Дали сте посакале преселувањето да беше малку полесно и да не морате безброј пати да одите од старото кон новото […]

+