Неколку австралиски бељаџии го снимиле мигот кога шегата на нивниот пријател облечен во зајачки костим тргнува на лошо и предизвикува срцев удар кај постар човек, по што овој умира.

Шегаџијата Мајкл се согласил да учествува во смешно видео плашејќи случајни минувачи во Аделаида. Но кога скокнува пред татко и ќерка, го чека сосема неочекуван ужас. Таткото има проблем со срцето и доживува срцев удар, и набргу Мајкл дознава дека човекот починал. Се разбира, ова е шега направена на сметка на самиот шегаџија и сето е сценарио, но можете ли да си замислите како се чувствувал Мајкл и што се му поминувало низ глава? Понекогаш шегите навистина можат да тргнат во несакан правец.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено