Ноам Чомски (роден на 7. декември, 1928 г.) е значајна фигура во аналитичката философија, кој поголемиот дел од својата кариера ја поминал во Институтот за технологија на Масачусетс (MIT), кадешто во моментот работи како почесен професор и е автор на над 100 книги.

Чомски рано развил интерес за анархизмот благодарение на роднини од Њујорк. Подоцна студирал лингвистика на Универзитетот на Пенсилванија, кадешто дипломирал, магистрирал и докторирал, а од 1951 до 1955 бил именуван за член на Научните соработници на Харвард.

Чомски во текот на својата кариера бил високо влијателна академска фигура бил цитиран на полето на уметноста и општествените науки почесто од било кој друг научник во периодот од 1980 до 1992 година. Познат е како политички активист и водечки критичар на американската надворешна политика, неолибералниот капитализам и мејнстрим медиумите. Прочитајте ги овие  цитати на еден од најголемите мислители на нашето време, со сигурност ќе ве воодушеват.

noam chomsky

1. Умниот начин да се држат луѓето пасивни и послушни е строго да го ограничите спектарот на прифатливо мислење, но да дозволите жива дебата во рамките на тој спектар.

2. Повеќето проблеми при учењето не се проблеми во развојот туку во помагањето на негување на развојот. Колку што знам јас, а ова е само од лично искуство во предавање, мислам дека деведесет отсто од проблемот, или осумдесет и девет отсто, се состои во тоа да се заинтересираат учениците. Или вообичаено се сведува на тоа да не ги спречите да се заинтеересираат. Типично тие доаѓаат заинтересирани, а процесот на образование [во моментот] е начин да се истера тој „дефект“ од нивните умови. Но, ако нормалниот интерес на децата се зачува или дури и се поттикнува, тие можат да постигнат нешта на начини кои не можеме ни да ги разбереме.

3. Нашето незнаење може да биде поделено на проблеми и мистерии. Кога се соочуваме со проблем, можеби нема да го знаеме неговото решение, но имаме увид, растечко знаење и навестување за тоа што го бараме. Но, кога се соочуваме со мистерија, можеме само да се џариме во чудо и збунетост, не знаејќи како објаснувањето воопшто и би изгледало.

4. Во оваа, можеби крајна фаза на човечкото постоење, демократијата и слободата се повеќе од идеи кои треба да бидат ценети – можат да бидат и суштествени за нашиот опстанок.

5. Образованието е систем на наметнато незнаење.

6. Науката по малку наликува на вицот за пијаниот кој под улична светилка го бара клучот кој го загубил на спротивната страна на улицата, а го бара тука бидејќи тука е светлото. Нема друг избор.

7. Пропагандата за демократијата е тоа што е стапот за тоталитарната држава.

8. Безбојните зелени идеи спијат бесно.

9. Како луѓето го восприемаат тоа што го прават не е прашање што ме интересира. Мислам, малку се луѓето кои ќе погледнат во огледало и ќе кажат „Оваа личност која ја гледам е диво чудовиште“. Наместо тоа прават конструкција која го оправдува тоа што го прават. Ако прашате директор на некоја голема корпорација што прави, тој најискрено ќе ви каже дека робува дваесет часа дневно за неговите потрошувачи да ги снабди со најдобрите добра или услуги кои може или дека создава најдобри работни услови за неговите вработени. Но, кога ќе погледнете што работи таа корпорација, ефектот на нејзината легална структура, огромните нееднаквости во поглед на платата и условите, гледате дека реалноста е нешто сосема друго.

10. За моќните, злосторства се тоа што другите ги прават.

11. Неолиберална демократија. Наместо граѓани, таа произведува потрошувачи. Наместо заедници, таа произведува трговски центри. Крајниот резултат е атомизирано општество на незаинтересирани поединци кои се чувствуваат деморализирани и општествено немоќни.

Севкупно земено, неолиберализмот е првиот и најголем непријател на вистинската демократија во која сите учествуваат, не само во Соединетите Држави, туку на целата планета, и така ќе биде во догледна иднина.

12. Библијата веројатно е најгеноцидната книга во литературата.

13. Ако претпоставите дека нема надеж, гарантирате дека ќе нема надеж. Ако претпоставите дека не постои инстинкт за слобода, тогаш нема можност да се променат нештата, тогаш не постои можност вие да придонесете за подобар свет.

14. Сосема е возможно – и премногу веројатно, како што би можело да се претпостави – дека за човечкиот живот и личност ние секогаш повеќе ќе учиме од романите отколку од научната психологија.

15. Знаете, луѓето со моќ знаат само за едно нешто: насилство.

16/ Како тоа имаме толку многу информации, а знаеме толку малку?

17. Како суштина на анархизмот секогаш сум го подразбирал ова: убедувањето дека товарот на докажување мора да биде ставен на власта, и ако не може да го носи товарот, тогаш власта да се распушти.

18. Колку повеќе го зголемувате стравот од дрогите, криминалот, имигрантите и вонземјаните, толку полесно ги контролирате сите луѓе.

19. Токму тоа е целата поента на добрата пропаганда. Треба да создадете слоган против кој нема да биде никој и сите ќе бидат за. Никој не знае што значи, бидејќи ништо и не значи.

20. Тоа што ги плаши САД не е радикалниот ислам – туку независноста.

21. Или ќе ги повторувате истите конвенционални доктрини коишто сите ги кажуваат, или ќе треба да кажете нешто вистинито, и тоа ќе звучи како да дошло од Нептун.

22. Мислам дека единствено има смисол да се бараат и идентификуваат структурите на власта, хиерархијата и доминацијата во секој аспект на животот, и да се предизвикуваат; ако не можат да се оправдаат, тогаш се незаконски и треба да се рсдпуштат, за да се зголеми опсегот на човечката слобода.

23. Никогаш не сум бил свесен за друга можност освен сѐ да доведувам во прашање.

24. Одговорност на интелектуалците е да ја зборуваат вистината и да ги изложуваат лагите.

25. Насекаде, од популарната култура до пропагандниот систем, има постојан притисок да се прави луѓето да се чувствуваат беспомошни, дека единствената улога која можат да ја имаат е да одобруваат решенија и да конзумираат.

26. Сите се грижат за запирањето на тероризмот. Епа, има еден навистина лесен начин за тоа: Престанете да учествувате во него!

27. Оптимизмот е стратегија за создавањето на подобра иднина. Бидејќи, ако не верувате дека иднината може да биде подобра, тешко дека ќе истапите и ќе преземете одговорност за такво нешто.

28. Целиот образовен систем за создавање на професионални кадри е еден многу добро разработен филтер, кој ги отсејува луѓето коишто се премногу независни и коишто мислат со своја глава и коишто не знаат како да бидат послушни итн. – бидејќи за институциите тие се нефункционални.

29. Ако не веруваме во слободата на изразување за луѓето кои ги презираме, тогаш воопшто не веруваме во неа.

30. Не треба да бараме херои, треба да бараме добри идеи.

Сподели на Facebook
пати видено