Францускиот премиер: Ако не може да си ги штити своите граници, Европа може да умре!

Францускиот премиер Мануел Валс предупреди дека Европа „може да умре“ доколку не ги запре мигрантите да ги минуваат нејзините граници. Говорејќи за Би Би Си на годишната средба на Светскиот Економски Форум во Давос, Валс кажа дека Европа мора да им стави до знаење на бегалците дека не сите се добредојдени.

Лебдечките бонсаи дрвја сега се реалност

Јапонците решиле нивните мали бонсаи дрвца да не бидат само симпатични, туку и волшебни, па така направиле да можат да лебдат во воздухот како магија.

Тажно видео од орангутанче сираче на кое толку многу му недостига неговата мајка, што постојано се гушка себеси

На ова мало орангутанче толку многу му недостига починатата мајка, што постојано се гушка себеси како начин физички да се утеши. Останувајќи сираче на многу мала возраст, бебето Џос незаконски било чувано две години како милениче во Кетапанг, Западен Борнео, за на крај да биде предадено Меѓународната организација за спасување животни. Организацијата објави видео на […]

Колку добро чувство за логика имате? Можете ли да одговорите на овие трик прашања?

Убедени сте дека имате силно чувство за логика и се потпирате целосно на вашиот здрав разум? Тогаш би можеле да се тестирате со овој нов квиз, дело на квиз мајсторот Том Данбар од Плимут, Велика Британија. За да го поминете тестот, треба да одговорите едноставно на прашањата и да не размислувате премногу“, вели тој. Па, […]

Дали ова е првиот масакр во историјата на човештвото? Предисториско племе од мажи, бремени жени и деца биле врзани и убиени пред 10.000 години

Со нивните раце цврсто врзани, сите овие луѓе биле или бесмилосно претепани до смрт, или прободени со остри предмети, за на крајот нивните тела да бидат оставени во лагуна во Кенија. Ова е ужасна сцена на праисториски масакр кој ставил крај на животите на дваесет и седум мажи, деца, па дури и жени во поодмината […]

Нашиот шеф ни даде задача да ги украсиме нашите бироа, за да направиме повесела атмосфера после празниците. Ние го направивме ова!

Кога се вративме на работа после Нова Година, добивме и-мејл од нашиот шеф кој содржеше една единствена задача: Украсете ги бироата за да му помогнете на нашиот тим да ја надмине јануарската тага. Бидејќи ние сме креативен тим, решивме дека ќе ни треба нешто посебно.

Aстрономите открија нова планета во нашиот сончев систем, прв пат по 170 години

Астрономите откриваат дваесеттина нови егзопланети секоја година, но прв пат по 170 години откриваме нова планета во нашиот сончев систем. Сега, тим од астрономи коишто првично се собрале да го побијат тврдењето дека во нашиот сончев систем има деветта планета, го постигнаа токму обратното. Тие го имаат тоа што се смета за најсилен доказ досега за најоддалечената планета од сонцето, којашто неформално е наречена Фети, но вообичаено се знае како Планетата Девет.

Погледнете како овие 10 популарни филмови би изгледале без нивните визуелни ефекти

Визуелните ефекти често можат да направат или да упропастат некој филм. Лесно е да се направи разлика помеѓу неверојатни и ужаси ефекти, но поголемиот број луѓе не секогаш имаат можност да направат споредба како изгледал некој филм пред дигиталните магионичари да стапат во дејство и да ја применат нивната филмска магија. Погледнете ги следните клипови […]

Оваа мачка го има целиот универзум во своите очи

Оваа мачка со сигурност ќе ве маѓепса. Нејзините повеќебојни очи изгледаат како во нив да се крие универзумот. Појавата одговорна за оваа магија научно се нарекува хетерохромија. Тоа е состојба кога шареницата содржи две сосема различни бои во ист дел. Ако и вашата мачка се родила со вакви чудесни очи, нема што да се грижите. […]

Руски уметник создава неверојатно реалистични кукли кои ќе направат да ви се наежи кожата

Понекогаш занаетчијата може да биде премногу добар, како што е случајот со Михаил Зајков. Лицата на неговите уметнички кукли се толку реалистични, што прави да се чувствувате неудобно кога гледате како ги држи главите во своите раце, чиниш уште малку ќе почнат да трепкаат. Зајков дипломирал на Кубанскиот државен универзитет во Русија во 2009 година. […]

Според едно истражување, кучињата навистина можат да ги читаат вашите чувства

Кучето навистина знае кога му се лутите. Ново истражување спроведено од истражувачи од Линколновиот универзитет во Велика Британија откри дека кучињата можат да ги препознаат чувствата на другите кучиња, како и на луѓето. За научниот труд, објавен во списанието „Билоџи ледерс“, истражувачите на кучињата им покажувале слики проектирани на екран , на кои кучиња и […]

„Само напорна работа, долги прошетки и многу љубов“ – тајната за долговечноста на најстарата жена во светот (119 години)

Семејство на пензионерка од Аргентина тврди дека таа е најстарата жива жена во светот, којашто се подготвува да го прослави својот 119-ти роденден. Според нејзината лична карта и изводот од матичната книга, Селина дел Кармен Олеа се родила на 15. февруари 1897 година. Живеејќи во сиромашен кварт во Буенос Аирес, таа својата долговечност ја припишува […]

Стивен Хокинг предупредува дека следните 100 години се најопасните години за опстанокот на човештвото!

Стивен Хокинг предупредува дека човештвото е исправено пред опасност да се уништи себеси во следните 100 години, како што брзо напредуваме на полето на науката и технологијата. Зборувајќи за Би Би Си, тој изјави дека додека напредокот секако е добра работа, тој исто така создава и „нови начини на кои нештата би можеле да тргнат […]

Шокантни слики од најтажната зоолошка градина во светот

Си ги удираат главите од ѕидот во очај, и безнадежно ѕиркаат низ решетките на нивните кафези на коишто сосема заборавиле – ова е најтажната зоолошка градина во светот. Најужасниот зоо парк на светот исто така е и најмалиот. Само три лава, две мечки и две морски прасиња ги живеат нивните здодевни денови полни со глад […]

Леонардо Ди Каприо потрошил 5 часа за раните во сцена од неговиот најнов филм „Повратник“

Леонардо Ди Каприо едвај може да се препознае под слоевите шминка потребни за неговиот последен филм „Повратник.“ Ди Каприо го игра Хју Глас, историска личност, кој предводел експедиција за трговија со кожа и крзно, за на крајот да заврши како жртва на дивјачки напад. Уметникот за шминка, Данкан Жармен, пет часа стрпливо ги доловувал раните […]

Швеѓанка снимила со телефон како ја малтретираат муслиманските мигранти

Швеѓанка снимила со телефон како ја малтретираат муслиманските мигранти

На интернет се појави уште еден видео клип на кој се гледа мирниот соживот помеѓу Европјаните и новодојденците од муслиманските земји. Интересен е следниов коментар на еден човек од В. Британија. Прекрасни луѓе, знам. Ајде да пуштиме уште повеќе вакви кај нас!!! Меркел нема право нејзините лични убедувања за тоа како треба да се води […]

Денот кога Америка фрли четири нуклеарни бомби врз Шпанија… Катастрофата беше заборавена од сите, освен од преживеаните

Нема ништо рутинско во летањето на авион наполнет со четири хидрогенски бомби, секоја од нив сто пати помоќна од бомбата која ја збриша Хирошима. Но, за седумте членови на екипажот на авионот „B-52 Стратофортрес“ кој полетал од воздушната база Сејмор Џонсон во Северна Каролина на 16. јануари, 1966 година, речиси пред точно педесет години, ова […]

Toa што овие хотелски работници го признаваат ќе ги потврди сите ваши сомнежи

Длабоко во нас, сите ние знаеме дека веројатно се случуваат некои непријатни нешта по хотелите. И како што се чини, некои хотелски работници уште повеќе ќе ги зацврстат нашите длабоки сомнежи. Овие работници ја употребиле апликацијата „Виспер“ за анонимно да објават некои од најскандалозните, најсомнителните и најнепристојните нешта коишто сте ги виделе, или можеби направиле […]

Изгледа дека квалитетот на образованието паѓа насекаде. Мајка од Англија ја објави оваа домашна задача по граматика!

Аманда од Кент, Англија, на Твитер постирала тест по англиски и литература кој бил даден на нејзиниот син. „На мојот син му дале спелувања од училиштето кои треба да ги научи. Во моментов се држам за глава и воздивнувам.“

Новак Ѓоковиќ вели дека му биле понудени 200.000 долари да намести меч

Новак Ѓоковиќ за прв пат јавно проговори дека пред осум години му биле понудени 200.000 долари да намести меч, иако тој жестоко го бранеше својот спорт од обвинувањата дека местенките се широко распространети во светот на тенисот. Ѓоковиќ и Серена Вилијамс, кои се највисоко на ранг листата во белиот спорт, цврсто стоеја на ставот дека освен помалите инциденти, во тенисот не се случуваат никакви лоши работи, и истакнуваа дека не постојат цврсти докази дека се прават такви работи.

Како изгледа да си во брак со психопат?

Можеби веќе претпоставувате како би изгледала средбата со психопат, но замислете си да живеете со некој таков. Џемс Фалон, невролог во медицинското училиште Ирвин при Универзитетот на Калифорнија, случајно дознал дека тој е психопат, додека ги проучувал скеновите на мозоците на криминалци психопати, и увидел дека и неговиот мозок бил морничаво сличен на нивните.

12 начини на кои вашата канцелариска работа буквално ве убива

Стресот, долготрајната работа и седентарната природа на вашата канцелариска работа го цицаат животот од вас – буквално.

Истражување на Харвард носи вознемирувачки вести за е-цигарите

Кога електронските цигари за прв пат се појавија на пазарот, тие беа поздравени со воодушевување и олеснување од пушачите, но и непушачите. Секој кој изразил сомнеж и желба да дознае повеќе за ризиците по здравјето со употребата на овој „чудесен производ“ се соочувал со осуда и тврдење дека е-цигарите се совршено безбедни и здрави. Но, […]

Емигрирајте или парите ќе ви го уништат животот: Советот кој добитниците на историската лото добивка го добиле од поранешен ѓубреџија кој добил на лото и потоа го прокоцкал своето богатство

Човекот наречен „Лото простакот“ ги предупредува британските добитници-рекордери во игрите на среќа да се иселат од Британија, или да ризикуваат нивните ново богатство од триесет и три милиони фунти да им ги уништи животите. Минатата недела Дејвид и Керол Мартин си јаделе сланина и црн пудинг на нивниот балкон, кога откриле дека освоиле половина од […]

Нови хипнотизирачки кинетички скулптури од Ентони Хови

Нови хипнотизирачки кинетички скулптури од Ентони Хови

Уметникот Ентони Хови продолжува до восхитува со неговите подвижни скулптури кои се придвижуваат со енергија на ветрот или со мотори. Скулптурите се одликуваат со хипнотизирачки движења кои потсетуваат на спој помеѓу движења на краците на октопод и движења на вселенски летала. Тежејќи до 725 килограми, секое уметничко дело првин е изработено во дигитална верзија за […]

Туркменистан ги забранува сите цигари и организира масовно палење на цигарите во обид да се искорени навиката

Во Туркменистан јавно беа изгорени илјадници кутии цигари, како дел од кампањата на туркменистанскиот претседател, кој е поранешен заболекар, со која сака да го искорени пушењето.

Ветерница со чуден изглед генерира 600% повеќе електрична енергија од традиционалните ветерни турбини

Ветерната турбина „Ширвинд“ ветува производство на шест пати повеќе електрична енергија од традиционалните ветерни турбини. Чудната ветерница дејствува како инка, насочувајќи го ветерот од сите правци преку цевка во генераторот поставен во основата. На тој начин се засилува брзината на ветрот, додека во исто време се намалува притисокот, што се нарекува „Вентури ефект“. Ова ја […]

Дури 7 од филмовите „засновани врз вистински приказни“ номинирани за Оскар, се засновани врз лаги!

Доделувањето на Оскар е годишна манифестација на Холивуд, за време на којашто ѕвездите си подаруваат трофеи едни на други, за да си честитаат едни на други за игрите со преправање вредни милијарди долари. Како што се типично се случува, многу од кандидатите за Оскар се засновани врз „вистински приказни“, веројатно затоа што раскажувањето на важна […]

За време на православниот Божиќ, Москва изгледаше како бајка

Москва е главниот и најголем град во Русија. Москва е град на контрасти во секој смисол; спој помеѓу древното и современото, помеѓу мирниот живот во бројните зелени паркови и бурниот градски живот. Зимата во овој град знае да биде остра и студена, но исто така може да биде и волшебна – особено ако ја погледнете […]

Следното ледено доба е одложено за 50.000 години

Се верува дека човечки предизвиканото глобално затоплување го одложило следното ледено доба за десетици илјади години. Во последните неколку милиони години нашата планета издржала повеќе ледени периоди, а за време на последниот големи делови од северната хемисфера биле закопани под глечери, и завршил пред само 12.000 години. Ледените доба се појавуваат кога количеството а сончево […]

+