На ова мало орангутанче толку многу му недостига починатата мајка, што постојано се гушка себеси како начин физички да се утеши. Останувајќи сираче на многу мала возраст, бебето Џос незаконски било чувано две години како милениче во Кетапанг, Западен Борнео, за на крај да биде предадено Меѓународната организација за спасување животни.

mm01

Организацијата објави видео на кое се гледаат посттрауматските ефекти со кои се справува Џос, со што сакаат да соберат средства за да го финансираат третманот и негата на мајмунчето. Мајмунчето постојано се фрла на подот и си ја удира главата од ѕидот, запирајќи само на кратко кога еден од ветеринарите ќе му понуди млеко. Порано било во сопственост на човек по име Дахлан, кој признава дека го купил животното за околу триесет евра, бидејќи му паднало жал, а не знаел дека е незаконски да се чуваат примати како миленичиња.

mm03

Џос живеела во неговата куќа заедно со неговата сопруга и четирите деца, при што кон Џос често се однесувале како кон „играчка за гушкање и галење“, што на Џос ѝ причинило голема штета на психолошки план, тврдат ветеринарите на Организацијата за спасување животни. Кога Дахлан дознал дека тоа е незаконски, решил да ја предаде на меѓународната организација.

mm02

Откако ја прегледалa, ветеринарката Џеклин Енг го заклучила следното: „Џос постојано се гушка себеси бидејќи ѝ недостига телесниот допир, утеха и заштита којашто сѐ уште би требало да ја добива од својата мајка. Нејзиниот живот досега мора да бил многу трауматичен и стресен за да се однесува на ваков ненормален начин. Животните вообичаено развиваат стереотипично однесување како механизам за справување со стресни ситуации. Нашиот тим досега никогаш не видел толку младо орангутанче да покажува стереотипично однесување како ова. Навистина е вознемирувачко да се гледа, бидејќи ја одразува менталната и емоционална траума од којашто страда Џос. Отпрвин се обидувме да ја утешиме и да ја гушкаме, но таа толку многу беше вознемирена од новото опкружување, што не сакаше да ја допираме и постојано ни се симнуваше од колената и одше на своите лакти.

Исто така се обидовме и да ја смириме со џиновско плишано мече, но ни тоа не помогна. Едноставно продолжуваше да си ја удира кутрата главичка од ѕид“.

mm05

Алан Најт, извршен директор на меѓународната организација додава: „Видеото е толку вознемирувачко, што на почетокот не бевме сигурни дали треба да го објавиме. Но, ова е суровата реалност за тоа што им се случува на орангутаните во Индонезија. Како резултат на немилосрдното уништување на прашумата, заедно со катастрофалните пожар коишто збришаа огромни површини во втората половина на 2015 година, на овие големи мајмуни им треба помош за да преживеат. Најверојатно малата Џос видела како ја убиваат мајката пред да биде украдена од шумата и продадена како милениче. Треба само да ја гледате што прави за да сфатите низ каков кошмар минала за време на нејзиниот краток живот. Ветеринарите во нашиот центар работат напорно, но само времето ќе покаже дали таа целосно ќе успее да закрепне од таквиот ужасен почеток на нејзиниот живот.“

Сподели на Facebook
пати видено