Астрономите откриваат дваесеттина нови егзопланети секоја година, но прв пат по 170 години откриваме нова планета во нашиот сончев систем. Сега, тим од астрономи коишто првично се собрале да го побијат тврдењето дека во нашиот сончев систем има деветта планета, го постигнаа токму обратното. Тие го имаат тоа што се смета за најсилен доказ досега за најоддалечената планета од сонцето, којашто неформално е наречена Фети, но вообичаено се знае како Планетата Девет.

pl01

Тврдењето за Планета Девет за првпат било истакнато во 2014 година, па така Константин Батигин и Мајкл Браун – и двајцата научници во одделението за геолошка и планетарна наука при Калифорнискиот Институт за Технологија – биле ангажирани да го побијат.

„Нашата главна цел тогаш беше да покажеме дека таа замисла е лудост“, вели Браун. Сега, една година подоцна, Браун и Батигин известуваат точно обратно – дека планета многу поголема од Земјата кружи околу сонцето на 18.6 милијарди оддалеченост од Земјата. За своите откритија пишуваат во научна статија која е прифатена за објавување во следниот број на „Астрономски журнал“.

pl02

Ако навистина постои оваа деветта планета, тимот претпоставува дека таа е десет пати поголема од масата на Земјата и на двеста пати поголема оддалеченост од сонцето. На таа оддалеченост, на планетата би ѝ биле потребни десет до дваесет илјади земјини години за да го заврши својот пат околу сонцето. За споредба, на Плутон му се потребни двеста четириесет и осум години да ја заврши својата орбита. На таа оддалеченост, изгледите за постоење живот на неа се практично никакви. Наместо живот, веројатно е пуста ледена топка со гасовиден надворешен слој, како Нептун.

До сега никој не ја набљудувал деветтата планета, но постојат други методи за детектирање на планетите, покрај употребата на видот, имено преку нивното гравитационо влијание врз блиските вселенски објекти. Во средината на 19-от век астрономите забележале чудни бранувања во орбитата на Уран, за коишто францускиот математичар Ирбен Леврие кажал дека би можеле да се објаснат како гравитационен ефект на друга планета во близина на Уран. Така, планетата Нептун била откриена пред да можела да се види. На сличен начин било откриено и постоењето на Планета Девет.

Низ вселената, на работ а нашиот сончев систем скитаат илјадници мали, ледени небесни тела, кои што го чинат тоа што астрономите го нарекуваат Кајперов појас. Шест објекти од Кајперовиот појас се однесуваат чудно во нивните очекувани орбити, известува научниот тим. ИЗвесно време тимот бил збунет, но кога го тестирале наизглед невозможното – џиновска планета зад Кајперовиот појас – тие откриле дека нивните модели совршено се совпаѓаат со набљудувањата. Еве илустрација на шесте орбити на небесните тела, како и на деветтата планета, со сонцето во средината:

pl03

Но, други експерти не се толку убедени.

„Сум слушнал многу, многу слични тврдења во мојата кариера и сите се покажаа како погрешни.“, вели Хал Левисон, кој е планетарен научник во Југозападниот Истражувачки Институт. Единствен начин целосно да се докаже постоењето на деветтата планета е да се забележи преку телескоп. Токму затоа тимот се зафати со скенирање на небото со еден од најмоќните телескопи на земјата, кој се наоѓа на врвот Мауна Кеа, Хаваи.

pl04

 

Сподели на Facebook
пати видено