На прв поглед, холандското село Хогевејк изгледа како и секое друго обично мало место. Има продавници, куќи, паркови, ресторани, дури и театар. Добро, сепак не изгледа точно како секое мало место во Македонија, но, има нешто уште понеобично. Таму живеат само 152 луѓе, и можеби ќе забележите, сите се во поодмината возраст, е тука веќе наликува на повеќе македонски села. Но, да продолжиме со холандсково село; помладите жители на ова место се всушност персонал – сестри, доктори, специјалисти и сл. – кои се на располагање 24 часа дневно.