„Само погледнете не’! Се’ оди назад и се’ е испревртено! Докторите го уништуваат здравјетно, адвокатите ја уништуваат правдата, психијатрите ги уништуваат умовите, научниците ја уништуваат вистината, големите медиуми ја уништуваат информацијата, религиите ја уништуваат духовноста а владите ја уништуваат слободата!“ – Мајкл Елнер

Светот во кој живееме станува се’ повеќе збунувачки и се’ посложен. Со секој нов ден нештата стануваат се’ полуди! Еве пет знаци кои докажуваат дека живееме во свет превртен наопаку.

upsidedown

1. Нашата храна

Логично е дека би требало да јадеме што е можно поприродна храна. Но со самото садење нашите растенија се загадуваат со ѓубрива и пестициди, а повеќето прехранбени производи содржат презервативи и адитиви. Фармите употребуваат индустриски методи за да произведуваат што е можно повеќе месо, јајца и млеко на најбрз можен начин. Тоа значи концентрирање на голем број животни во затворени простори, што често изискува специјална медицинска помош за животните да се одржуваат здрави во тие тесни услови. Некои производители употребуваат додатни хормони. Производителите на храна се обидуваат да изнајдат начини да го зголемат рокот на употреба и да го подобрат вкусот на нивните производи истовремено намалувајќи ги трошоците за производство. Ова често се постигнува со комерцијализирано производство кое го компромитира глобалниот екосистем. Вештачки видоизменувајќи ја нашата храна го доведуваме нашето здравје во опасност и предизвикуваме се’ повеќе заболувања и несоодветен телесен развој. Така стигнавме до апсурдниот резултат при кој тоа што е поприродно и поедноставно е поскапо и потешко за набавување од тоа што е вештачко.

2. Нашето здравје

Здравјето е едно од најскапоцените нешта во човечкиот живот и треба да се грижиме за него колку што можеме подобро. Кога имаме здравствени проблеми, би требало да ги побараме најприродните можни лекарства и да ги намалиме страничните ефекти на лекувањето. Но, денес тоа што е природно се нарекува „алтернативен“ третман а хемиските суплементи се најпознати и најраширени лекарства. Потешко се заработува со лекувањето со природни средства, бидејќи е тешко да се патентира природата. Важно е да се напомене и дека фармацевтските компании често се сосредоточуваат на лекоувањето на симптомите, а не на причинителите на болестите. Причините за ова се очигледни; нивниот приоритет не е здравјето, туку зголемувањето на нивниот профит.

3. Сосредоточување на надворешноста и занемарување на суштината

Пример за ова е нашата опсесија со нашиот телесен изглед. Култот кон славата, како изгледаат нашите тела, каква облека носиме итн. Сета ова бесмислено себеистанување стана толку многу поважно од нашата вистинска природа и суштината на тоа кои и што сме ние длабоко во себе и дали живееме во хармонија со самите себе.

Често како пример земаме славни личности со нивните совршени тела како носат модни брендови, но нивните умои се расипани а нивното однесување себично, мислејќи се дека се подобри од другите, еден вид божества. Често пати тие луѓе не можат да се носат со славата и со луѓето од нивната непосредна околина кои ги експлоатираат, па завршуваат со психолошки проблеми, нефункционални семејства и проблеми со зависности.

4. Сосредоточување на безначајни нешта и занемарување на тоа што навистина е важно

Денес се’ повеќе луѓе се заглавуваат со редовното следење на бесмислени риалити шоуа и сапунски серии, наместо да се трудат да се надоградуваат себеси и да бидат повеќе свесни за светот во кој живееме.

На пример, оваа глупост на Јутјуб

во која жена јаде лути пиперчиња со очигледно непријатни последици е видено 21,744,041 пати до сега, додека видеата како следното:

во кое се промовира љубезноста, добрината и знаењето е видено од само неколку илјади луѓе.

Некој би кажал дека јавниот интерес за значајните теми е мал поради сложеноста на овие теми. Но, нештата како уништувањето на околината, проблемот со гладот во неразвиените земји и љубезноста и добрината не се толку тешки за разбирање, не се работи за некаква квантна физика. Многу луѓе се свесни за овие работи, но свесно избираат да ги игнорираат и уживаат во нивните омилени видеа со смешни мачки, идиотски предизвици и секакви површни глупости. Секако дека секој има право самиот да избира како ќе живее, но начинот на кој човештвото човек по човек станува незаинтерисирано за својата општа судбина е застрашувачки. Нашето незнаење и незаинтересираност на крајот можат да го доведат во прашање самиот наш опстанок.

5. Насилството во светот на забавата

Видео игрите и филмовите се полни со се’ побрутално насилство. И не само тоа, туку и содржините наменети за најмладите, како цртаните филмови, се исто така полни со насилтво. Пред неколку месеци беше издадена GTA 5, и за кратко време стана една од најуспешните видео игри, во која преку вашиот омилен лик можете да убивате, крадете, измачувате и извршувате најразлични варварски чинови. Убиствата и страдањето се насекаде во забавната индустрија. Но дали навистина уживаме во страдањето и крвопролевањето? Замислете си некој до вас да биде убиен – тешко дека тоа би ви било забавно. Би биле ужаснати, веројатно и трауматизирани со години. Повеќето од нас не сакаат да гледаат како страдаат луѓе во вистинскиот живот; тогаш зошто филмската и воопшто забавната индустрија ни го форсираат ова? Зарем не би било подобро да се гледа нешто поинспиративно, продуховено и со позитивни чувства? Споредете што гледаат децата денес со тоа што гледале пред само петнаесет, дваесет години, и воопшто какви биле телевизиските содржини. Наместо образовни програми, документарни филмови, интересни филмови со длабока содржина, промоции на книги, интересни дебати итн. се промовира површност, бесмислена патетика и вулгарен невкус и тоа во време со такви технички можности кои би требало да овозможат голем напредок во човечкиот живот.

Дали така треба да изгледа светот? Апсолутно не. Треба да се дејствува за промена на менталитетот.

Сподели на Facebook
пати видено